Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Петровска: НАТО значи безбедност и стабилност, отвораме можности за домашните компании на НАТО пазарот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Петровска: НАТО значи безбедност и стабилност, отвораме можности за домашните компании на НАТО пазарот
Агровести

Петровска: НАТО значи безбедност и стабилност, отвораме можности за домашните компании на НАТО пазарот

Објавено 29/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на форумот „100 дена Влада“, порача дека одговорот е јасен и видлив – НАТО значи безбедност и стабилност, НАТО значи можност за развој на домашната економија и дополнителен развој на капацитетите на нашата Армија.

„НАТО значи безбедност и стабилност, за државата, за граѓаните и за сите субјекти во државата. На 24 февруари кога се случи руската агресија врз Украина, сите го поставивме прашањето дали сме безбедни. Одговорот е – да, безбедни сме затоа што во НАТО важи правилото ако една земја е нападната, тоа значи дека сите се нападнати. Во НАТО важи правилото на сојузништво и на единство. Оваа агресија практично тоа и го покажа, дека НАТО алијансата стана уште поцврста и уште постабилна“, подвлече министерката Петровска.

Министерката додаде дека членството во НАТО не значи слушање на одлуки, туку директно учество во донесувањето на тие одлуки, рамноправно со останатите 29 сојузници и порача дека Северна Македонија е кредибилен сојузник кој служи како позитивен пример за регионална безбедност и стабилност, што уште повеќе ја зголемува потребата за итен и неодложен старт на преговори за членство во Европската Унија.

„Воената криза во која се наоѓа Украина и рестрикциите кои ги има врз регионот покажуваат дека не може да имаме стабилна Европа ако немаме целосно интегриран Западен Балкан. Нашето однесување во НАТО Алијансата покажува дека сме кредибилен сојузник, a тоа уште повеќе ја зголемува потребата што поскоро да ги започнеме преговорите со ЕУ и се разбира  да станеме земја членка на Унијата затоа што на тој начин го заокружуваме процесот на интеграција на нашата држава“, рече министерката.

Петровска издвои неколку значајни придобивки кои се поврзани со нашето членство во Алијансата, првенствено фокусирајќи се на сигурноста за инвестиции во Северна Македонија, на можностите за развој на домашната економија учествувајќи на НАТО пазарите, како и придобивките во однос на развојот на капацитетите на Армијата.

„НАТО значи сигурност и за странските компании кои сакаат да инвестираат во нашата држава. НАТО членството гарантира дека сме држава која ги исполнила условите и од политички, но и од безбедносен аспект. Второ тоа значи можност и за нашите компании. Она на што во изминативе 100 дена бевме посветени и ќе останеме посветени е зајакнување на капацитетите на Центарот за поддршка на домашните компании кои сакаат да настапат на НАТО пазарите“, рече Петровска.

Таа порача дека Министерството е во координација со економските ресори, а отворена е и можноста за соработка со стопанските комори во државата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:натопазаротПетровска
Претходен напис Сточарите од Меџитлија бараат од државата земја за производство на добиточна храна за кравите
Следен напис Барањата за финансиска поддршка за вештачки ѓубрива ќе се поднесуваат најдоцна до 31 мај 2022 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?