Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Барањата за финансиска поддршка за вештачки ѓубрива ќе се поднесуваат најдоцна до 31 мај 2022 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Барањата за финансиска поддршка за вештачки ѓубрива ќе се поднесуваат најдоцна до 31 мај 2022 година
Агровести

Барањата за финансиска поддршка за вештачки ѓубрива ќе се поднесуваат најдоцна до 31 мај 2022 година

Објавено 29/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделските стопанства можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка од Програмата за спроведување на Интервентниот фонд. Со Програмата е предвидена финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубрива, за предадено јагне и заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет, како и за одгледување кокошки несилки, за што се обезбедени 400 милиони денари. Барањата за финансиска поддршка за вештачки ѓубриња ќе се поднесуваат најдоцна до 31 мај 2022 година, а барањата за несилки до 30 април 2022.

-Барањата за финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во производството на пченица, јачмен, пченка и сончоглед ќе се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата. Барателите на кои им е потребна помош при пополнување на електронското барање за помош можат да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во прилог на барањето како доказ се доставуваат финансиски документи за набавеното ѓубре во период од 1 декември 2021 година до 31 мај 2022 година, наведува Агенцијата.

Висината на финансиската поддршка изнесува 2.500 денари по хектар за јачмен и сончоглед, односно 4.000 денари по хектар за пченица и пченка за користено гранулирано ѓубре. Висината на финансиската поддршка изнесува 400 денари по хектар за користено течно ѓубре.

Исплатата ќе се врши еднаш неделно, по обработка на примените барања.

Според Агенцијата, барањата за финансиска поддршка за одгледување несилки ќе се поднесуваат со рачно пополнување. Притоа, треба да се достави потврда за бројна состојба на кокошки несилки издадена од официјален ветеринар. Висината на финансиската поддршка е 60 денари по несилка.

Финансиската поддршка за предадено јагне и заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет ќе се извршува врз основа на податоци кои до Агенцијата ќе ги доставуваат регистрираните кланични капацитети, без претходно поднесено барање. Висината на финансиската поддршка изнесува 400 денари по грло предадено јагне во период од 1 јануари до 31 мај 2022 година. Висината на финансиската поддршка изнесува 1500 денари по гоеница со тежина над 90 килограми заклана во период од 1 февруари до 30 април 2022 година.

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:ѓубриваинтервентен фондмилиони еврапрограма
Претходен напис Петровска: НАТО значи безбедност и стабилност, отвораме можности за домашните компании на НАТО пазарот
Следен напис Платежната агенција утре со нов повик од Програмата за Рурален развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?