Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Осломејско Езеро порибено со 520 килограми крупни примероци на крап
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Осломејско Езеро порибено со 520 килограми крупни примероци на крап
Шумарство и водостопанство

Осломејско Езеро порибено со 520 килограми крупни примероци на крап

Објавено 29/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Шесто порибување на Осломејското Езеро беше извршено вчера, во доцните вечерни часови. Спортското риболовното друштво „Хантер Фиш“ од Кичево за најновото порибување обезбеди 520 килограми крупни примероци на крап со тежина од 10 до 20 килограми,  обезбедени од рибникот „Акватик“ кај Неготино.

-Пред првиот годинешен крапски риболовен натпревар „Боила куп“, што ќе се одржи следниот викенд на Осломејско Езеро, извршивме порибување на езерото со 520 килограми крупни примероци на крап со тежина од 10 до 20 килограми на примерок. Овие количества на крап ги обезбедивме од рибникот „Акватик“ кај Неготино, истакна претседателот на клубот Бесмир Елези.

Тој информираше од кои извори се обезбедени средства за најновото порибување на езерото.

-Средствата за ова порибување ги обезбедивме од повеќе извори и тоа доброволни прилози од членовите на спортско риболовното друштво „Хантер Фиш“ од Кичево, од членарини и дел од котизацијата што ја уплатија клубовите кои ќе земат учество на првиот„ Боила куп“ за годинава и каде досега се пријавени 20 екипи од кои четири од странство, рече Елези, пренесува МИА.

Тој потсети дека во изминативе две недели е извршено порамнување и посипување со ризла на пристапниот пат до езерото, а обезбедени се уште 9 нови позиции за риболовни екипи за претстојниот натпревар.

-Нашата желба езерото да го порибиме пред првиот „Боила куп“ за годинава успеавме да ја реализираме. Со оваа количина ќе придонесеме натпреварот да биде крајно неизвесен и без да има фаворити околу идниот победник. Може да се случи некоја екипа да улови помал број примероци крап, но со поголема тежина и да се пласира високо на натпреварот. Токму од тие причини бевме заинтересирани час поскоро да го порибиме езерото и да внесеме целосна неизвесност околу идниот победник на натпреварот, додаде претседателот Елези.

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Таг:хантер фиш
Претходен напис Ковачевски: Со поволни услови и државна помош обезбедуваме зголемено производство на стратешки земјоделски култури
Следен напис Сточарите од Меџитлија бараат од државата земја за производство на добиточна храна за кравите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?