Првата европска хибридна фабрика за преработка на грав и компир со примена на револуционерна технологија е отворена во Слатина, Хрватска. Фабриката NUTRIS.techTM е резултат на соработка помеѓу данската компанија SiccaDania и компанијата NutriS, со инвестиција од 30 милиони евра.
Тоа е првата европска хибридна фабрика за производство на висококвалитетни состојки од растително потекло, со акцент на протеини, преработка на грав и компир.
Фабриката соработува со повеќе од 250 земјоделци, локални производители кои засадиле околу 2.000 хектари грав и вработува 50 стручни лица, а до 2025 година планира да произведе до 70.000 тони висококвалитетни состојки за прехранбената индустрија.
Станува збор за инвестиција вредна околу 30 милиони евра, што ја прави NUTRIS Хрватска една од првите земји кои инвестираат во прехранбената индустрија од растително потекло, која е меѓу најбрзо растечките индустрии во светот.
Според министерката за земјоделство Марија Вучковиќ, ваква високотехнолошка инвестиција во руралното подрачје на Славонија, со работните места што ги отвора, а со цел да се набави што поголем дел од суровини за производство од локални производители, е во согласност со хрватската стратегија за земјоделство до 2030 година. Исто така станува збор за производител кој успешно ги користи средствата од Програмата за рурален развој за инвестиции во складишта за компири, пренесува biznis.rs.
