Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исплатени субвенциите за одржување на овошни насади на над 10.000 овоштари, 434 милиони денари за одржување на овошни насaди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Исплатени субвенциите за одржување на овошни насади на над 10.000 овоштари, 434 милиони денари за одржување на овошни насaди
Агровести

Исплатени субвенциите за одржување на овошни насади на над 10.000 овоштари, 434 милиони денари за одржување на овошни насaди

Објавено 28/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска на сметките на 10.479 овоштари исплатени се субвенциите со вкупна вредност од 434.448.813 денари по основ директни плаќања за одржување на постоечки овошни насади. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0.2 ха површина со постоечки овошни насади и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, објави директорот на Платежна агенција, Никица Бачовски.

Висината на директните плаќања за јаболка изнесува 41.000 денари по хектар, односно 50.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари.

Висината на директни плаќања за слива и праска изнесува 36.000 денари по хектар, односно 42.600 денари за земјоделски стопанства со пријавени површини од минимум 1 до 5 хектари.

За круша, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина, капина и боровинка висината на директни плакања изнесува 33.000 денари по хектар, односно 36.600 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари.

- Реклама -
Ad image

Директните плаќања за дуња, мушмула, актинија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери, бадем и лешник се во износ од 25.000 денари по хектар, односно 30.000 денари за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари.

Финансиската поддршка за ореви и питоми костени изнесува 15.000 денари по хектар односно 18.000 денари за земјоделски стопанства со пријавена површина од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари

Финансиската поддршка обезбедена преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе продолжи и во следниот период преку исплата на мерките од програмата за директни плаќања и интервентниот фонд.

Исто така, а согласно новата Програма за директни плаќања, од оваа година за прв пат стартува пилот мерка во овоштарството за линеарна субвенција. Оваа мерка е по основ на европската мерка „decoupling“, која подразбира линеарна исплата за обработлива земјоделска површина независно од културата. Новитет е што исплатата за оваа мерка ќе се врши во тековната година, во периодот од септември 2022 година до декември. Да биде појасно, сите овоштари ќе добијат авансно 12.000 денари од вкупната сума колку што изнесува основната субвенција во тековната година, односно кога им се најпотребни во ек на берба, а остатокот од основната субвенција ќе се исплати следната година како и досега. Практично, со овој модел овоштарите оваа година ќе имаат две исплати.

Може да ви се допадне

Скопје ќе биде домаќин на првиот форум за енергетска дипломатија – обновливи извори, зелени инвестиции и жените во енергетиката
Есенската сеидба е при крај во Прилепско, се намалуваат површините со пченица поради ниската откупна цена
АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
Од утре задолжително поседување зимска опрема за возилата
Без вода дел од Центар поради уличен дефект
Претходен напис (ВИДЕО) Украинските земјоделци ги ораат нивите во панцири и со шлемови на главите
Следен напис Во Штип утре прво прскање против комарците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?