Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Сега е моментот кога треба да се оправда финансиската поддршка во земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бачовски: Сега е моментот кога треба да се оправда финансиската поддршка во земјоделството
Агровести

Бачовски: Сега е моментот кога треба да се оправда финансиската поддршка во земјоделството

Објавено 27/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сега е моментот кога треба да се оправда финансиската поддршка во земјоделството што ја дава државата, преку интензивирано производство кое барем во некоја мерка ќе ги задоволи домашните потреби, порача денеска директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.

Бачовски на конференцијата за млади земјоделци истакна дека поради кризата, агро секторот минува низ многу тежок период, но на располагање се, рече, ставени сите програмски ресурси и човечки капацитети и тие треба максимално да се искористат.

-Периодот пред нас е тежок, но државата не штеди. Не се мали средствата за земјоделството кои годинава сигурно ќе надминат 150 милиони евра. Државата годишно инвестира меѓу 130 и 150 милиони евра во земјоделството. Со право јавноста прашува каде завршуваат овие пари, зошто домашното производство не ни е на завидно ниво. Оваа година, со оглед на сите кризи, секторот се наоѓа во исклучително тешка ситуација и сега е моментот кога треба да се оправда финансиската поддршка што ја дава државата, потенцира Бачовски.

Во моментов, потсети директорот, отворени се пет јавни повици – на располагање е поддршка за нова механизација, мандри, силоси, винарии, во функција е Интервентниот фонд.

Бачовски најави дека до крајот на годината се очекува да бидат објавени и првите повици од ИПАРД 3 Програмата, проектирана на 130 милиони евра, за разлика од ИПАРД 2 која изнесуваше 65 милиони евра.

-Тоа од една страна е добра вест, но треба максимално да го оптимизираме искористувањето на овие фондови. Она во што засега стоиме добро и важиме за лидер во Западен Балкан, е силен предизвик за нашиот агро сектор – да смогнеме сили и да ја искористиме поддршката, подвлече Бачовски, пренесува МИА.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Бачовскиземјоделствотооправдафинансиската поддршка
Претходен напис (ФОТО) Министерот Николовски во посета на откупно дистрибутивниот центар „Чентро Агроалиментаре“ во Рим
Следен напис (ФОТО) Се подобрува пристапноста до земјоделските земјишта во Пехчевско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?