Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Министерот Николовски во посета на откупно дистрибутивниот центар „Чентро Агроалиментаре“ во Рим
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ФОТО) Министерот Николовски во посета на откупно дистрибутивниот центар „Чентро Агроалиментаре“ во Рим
Агровести

(ФОТО) Министерот Николовски во посета на откупно дистрибутивниот центар „Чентро Агроалиментаре“ во Рим

Објавено 27/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со делегација на министерството, од денеска е во дводневна работна посета на Република Италија.

Во рамки на првиот ден од работната посета министерот Николовски заедно со македонската делегација го посети откупно дистрибутивниот центар „Чентро Агроалиментаре“, каде што им беа презентирани основните карактеристики на откупниот центар и пазарите на големо во Италија.

На површина од 1400 ха, овој откупно дистрибутивен центар, на едно место нуди голем избор на овошје, зеленчук, риби, органски производи, логистика, а во рамки на центарот постојат и преработувачки капацитети за преработка на производите.

Оваа пријателска работна посета отвори можност за размена на позитивни искуства, како и имплементација на успешни модели за организација на големопродажбата на прехранбени производи, со оглед на тоа што како министерство веќе сме во фаза за реализација на ваков проект.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку средства од Светска банка во висина од 42 милиони евра, започнува проект за модернизација на земјоделско производство. Овој проект предвидува изградба на Agro Food Platform, односно голем логистичко откупен центар, за овошје и зеленчук. Проектот исто така предвидува изградба и на два помали откупни центри, еден за овошје и еден за зеленчук. Со овие средства од Светска банка, но и дополнителни средства од ЕУ, во рамки на овој проект се предвидува и изградба на кафилерија, односно фабрика за преработка на производи од животинско потекло. Реализацијата на овој проект за модернизација на земјоделското производство е веќе започната и во моментот се работи на подготовка и финализирање на сите технички документи за започнување со изградба на планираните откупни центри.

Делегацијата предводена од министерот Љупчо Николовски во текот на утрешниот ден ќе оствари работна средба со Стефано Патуанели, министер за земјоделство, прехрана и шумарство на Република Италија, на средбата двајцата министри ќе потпишат меморандум за соработка во областа на земјоделството помеѓу двете држави.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:откупен центар
Претходен напис Кога е време за стрижење на овците?
Следен напис Бачовски: Сега е моментот кога треба да се оправда финансиската поддршка во земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?