Домашните домати се толку вкусни, кога ќе ги наберете свежи и ќе ги јадете, прекрасниот вкус е едноставно ненадминлив. За да обезбедите добра берба на домати, искористете ги овие состојки при садењето, советува Агросавјет.
СОДА БИКАРБОНА
Делува и е навистина добар трик (особено кога одгледувате домати во чаши) со сода бикарбона ќе добиете многу сладок домат.
Едноставно посипете мала количина сода бикарбона околу корените на растенијата. Содата ќе се апсорбира во почвата и ќе ја намали киселоста, што ќе ви даде домат кој е сладок и пикантен.
РИБИНИ ГЛАВИ
Рибините глави долго време се користат како природно ѓубриво во градината. Нивната популарност во садењето домати не е мит, и тие навистина имаат ефект. Со нивното распаѓање се ослободува азот (N), калиум (К), но и многу важни елементи, калциум (Ca) и фосфор (P).
Единствениот проблем со закопувањето на рибите е тоа што животните можат да ги откопаат. За да го избегнете ова, закопајте ги длабоко, најмалку 30 см.
Можете да ги ставите во цели или да користите остатоци од морска риба што можете да ја измешате со вода (2 чаши) и млеко (1 чаша) за супер брзо ѓубрење.
АСПИРИН
Ставете 2-3 таблети аспирин во дупката (цела таблета или иситнета). Аспиринот се користи за зајакнување на имунитетот на растенијата, а помага и во одбраната од болести како пламеница и го зголемува приносот на доматите. Салицилна киселина е причината поради која делува аспиринот. Можете исто така да ги испрскате растенијата со раствор од аспирин.
