Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЛИДЛ заинтересиран да инвестира во Кисела Вода
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЛИДЛ заинтересиран да инвестира во Кисела Вода
Агровести

ЛИДЛ заинтересиран да инвестира во Кисела Вода

Објавено 22/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вчера оствари работна средба со претставниците на „Лидл” од претставништвата во Бугарија и Македонија. Заинтересирани за достапни локации каде би можеле да се отворат маркети и регионален дистрибутивен центар, потенцијалните инвеститори, од градоначалникот ги добија побараните информации околу можностите и потенцијалите на општина Кисела Вода. Тој им се заблагодари за пројавениот интерес и ги запозна со геостратешките погодности, вложувањата во подобрување на патната инфраструктура, но пред се, со новиот начин на водење на општината, кој овозможува развој на бизнис климата со посебно стимулирање на инвестициските процеси.

-Денес имавме прилично конструктивна средба со претставниците на „Лидл” од претставништвата во Бугарија и Македонија, кои пројавија интерес за инвестирање во општина Кисела Вода. Подискутиравме околу достапните локации на кои би можеле да се отворат маркети, но и регонален дистрибутивен центар на германскиот гигант кој е присутен секаде во нашето соседство, освен во Македонија. На овој работен состанок им ги презентиравме погодностите кои општина Кисела Вода ги нуди, како средина која има добра местоположба и развој кој одговара на потребите на оваа компанија. Задоволен сум што потенцијалните инвеститори ја препознале новата енергија со која функционира оваа локална самоуправа и ги согледале актуелните перспективи, инвестициските можности и новите проекти кои ги спроведуваме во различни области со цел унапредување на општината. Конкретно, инвестицијата би вредела неколку милиони евра и би значела вработување на огромен број лица. Вреди да се спомене и фактот дека вработените би имале плати кои се околу или над просечните во Македонија – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Лидл
Претходен напис ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/22 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање
Следен напис Цените на нафтата над 108 долари, во фокус намалените испораки од Русија и Либија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?