Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Полските овоштари донеле еден тон јаболка пред Министерството за земјоделство изразувајќи го револтот поради ниските откупни цени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Полските овоштари донеле еден тон јаболка пред Министерството за земјоделство изразувајќи го револтот поради ниските откупни цени
Агровести

Полските овоштари донеле еден тон јаболка пред Министерството за земјоделство изразувајќи го револтот поради ниските откупни цени

Објавено 15/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претставници на националното здружение на земјоделци Агроунија, како и самите овоштари, во вторникот донеле повеќе од еден тон јаболка пред зградата на полското министерство. Револтираните производители ги прашале политичарите што да направат за да се подобри состојбата на пазарот за откуп на јаболка, пишува Фармер.

Ситуацијата на овој пазар е трагична, опишаа Михал Колоџијчак, овоштарот Себастијан Анишкевич од Агроунија и претставници на овоштарската индустрија.

„Зад нас е еден тон јаболка, кој чини околу 118,43 евра, што е околу 0,02 евра за килограм. Во продавницата овие јаболка чинат 0,75 евра за килограм“, предупреди Колоџијчак, пренесе Agroklub.

Овоштарот Анишкевич објаснил дека производителите не можат да го продадат родот поради ембаргото за извоз на јаболка во Белорусија.

Додал дека овошјето може да се продава на собирен пункт или директно во продавница, но цените се околу 0,13 евра, што со производствен трошок од 0,32 евра значи дека многу производители се на работ на банкрот и напуштање на фармите.

Ново намалување на цените предизвикаа најавите на Министерството за земјоделство и рурален развој на Полска. Најавија дека ќе го кофинансираат откупот на јаболката, но никој не кажал кога и колку ќе бидат овие субвенции. Во исто време сите компании најавија дека ги намалуваат цените за 0,02 евра.

Полските овоштари се прашуваат каде е надлежниот министер, каде се субвенциите. „Овоштарниците се распаѓаат, а политичарите не прават ништо за тоа“, додаде Колоџијчак.

Јаболката кои биле изложени биле донирани во народната кујна за бездомници во Варшава, а една гајба била подарена на секретаријатот на Министерството за земјоделство и рурален развој на Полска.

https://fb.watch/coYErgG1EA/

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:јаболкаполска
Претходен напис ФИТР ја доби водечката улога во новиот европски проект „Policy Answers“
Следен напис Шампињони можат да се одгледуваат и во домот или на тераса, одгледувачите споделуваат искуства
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?