Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФИТР ја доби водечката улога во новиот европски проект „Policy Answers“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФИТР ја доби водечката улога во новиот европски проект „Policy Answers“
Агровести

ФИТР ја доби водечката улога во новиот европски проект „Policy Answers“

Објавено 15/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Policy Answers“ е предводен од Центарот за социјални иновации (ZSI) во Виена и вклучува 14 партнер институции од Европската Унија и од Западен Балкан.

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) jа доби водечката улога во пилотирање на мерки за поддршка за истражување, развој и иновации во сите економии од Западен Балкан, во рамки на новиот европски проект „Policy Answers”, финансиран од програмата Хоризонт Европа на Европската Комисија со буџет од пет милиони евра.

Проектот, како што посочуваат од ФИТР, има цел да ги продолжи и зголеми заедничките напори на Европската Унија и Западен Балкан – Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија – за да поттикне соработка во полето на иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт. Целта е на крајот да се поттикне стабилноста и просперитетот додека се зајакнува европската перспектива на регионот.

Директорот на Фондот Фестим Халили, во Виена пред присутните претставници од ЕУ и регионот истакнал дека улогата на ФИТР во овој проект уште еднаш ја потврдува определеноста на Република Македонија за наша интеграција во европскиот заеднички пазар.

– „Policy Answers” е предводен од Центарот за социјални иновации (ZSI) во Виена и вклучува 14 партнер институции од Европската Унија и од Западен Балкан. Предвидени се активности како состаноци на високо политичко ниво, анализи и препораки за градење на политики и јакнење на капацитетите на локалните актери со цел поефикасна интеграција на Западен Балкан во Европската истражувачка област и иновациски екосистем, се вели во соопштението од ФИТР.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:ФИТР
Претходен напис Инсектицид и ѓубриво од коприва – како да ги подготвиме?
Следен напис Полските овоштари донеле еден тон јаболка пред Министерството за земјоделство изразувајќи го револтот поради ниските откупни цени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?