Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците почнаа со пролетната сеидба во речиси сите делови на Украина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците почнаа со пролетната сеидба во речиси сите делови на Украина
Агровести

Земјоделците почнаа со пролетната сеидба во речиси сите делови на Украина

Објавено 13/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците почнаа со пролетната сеидба во речиси сите делови на Украина, независно од тоа што продолжуваат нападите на руските сили, соопштија властите во Киев.

-Сеидбата не почнала само во Луганск, изјави синоќа премиерот Денис Шмихал. Луганск инаку е под целосна контрола на руските сили.

Министерството за аграрна политика и храна на Украина предвидува дека оваа година во таа земја ќе може да се посее 70 отсто од земјоделското земјиште.

Владата во Киев за земјоделскиот сектор обезбедила поволни заеми во вредност од 3,5 милијарди гривни или 116 милиони долари.

-Истовремено настојуваме да ги поедноставиме постапките за регистрација на земјоделска технологија, со цел да нема застои во земјоделските работи, истакна Шмихал.

Украина спаѓа меѓу водечките производители на жито во светот, така што слаб принос би можел да предизвика недостиг и скок на цената на житото на меѓународните пазари на земјоделски сировини.

„Од планираните 70, околу 30 до 40 проценти ќе бидат за домашна потрошувачка. А ќе остане и за извоз“, изјави заменик министерот Тарас Висотски, нагласувајќи дека најважни се безбедноста на земјоделците и ресурсите за работа. Тој во изјава за медиумите ги повика и сите земјоделци доколку на терен наидат на сомнителен предмет да ги повикаат надлежните служби, додавајќи дека и покрај намалувањето, Украина ќе има доволно храна.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:сеидба
Претходен напис (ФОТО) Започна со работа новиот зелен пазар во Кавадарци
Следен напис Битиќи: Ќе има доволно количини масло за јадење за да се преброди кризниот период
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?