Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сончогледот годинава поинтересен за српските земјоделци, се планира да се посеат 250.000 хектари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сончогледот годинава поинтересен за српските земјоделци, се планира да се посеат 250.000 хектари
Агровести

Сончогледот годинава поинтересен за српските земјоделци, се планира да се посеат 250.000 хектари

Објавено 12/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пролетва во Србија ќе бидат засеани околу два милиони хектари, при што најголема површина традиционално зазема пченката – околу 950.000 хектари, што е за околу 70.000 хектари помалку од лани. Поради добрата цена, но и проблемите во Русија и Украина, српските земјоделци ќе сеат повеќе маслодајни семиња – соја и сончоглед, пренесува РТС.

Според најавите на домашните земјоделци, сончогледот би можел да заземе околу 250.000 хектари, околу 30.000 хектари повеќе од лани. Се проценува дека поради воените конфликти во Украина, производството на сончоглед во таа земја би можело да падне на најниско ниво во последните 13 години – на околу 4,3 милиони хектари, една третина помалку од минатата година.

„Оваа година маслодајните семиња ќе бидат поинтересни од пченката, пред се поради недостигот од споменатите земји, бидејќи тие се одговорни за 80 отсто од светското производство на сончоглед, но и поради помалите инвестиции кои се неопходни кога се работи за сеидба на сончоглед и соја во однос на пченка“, рече Сунчица Савовиќ, директорка на здружението „Жита Србије“ за РТС.

Како што пишува Агроклуб.рс, пресметките покажале дека инвестициите во хектар пченка се околу 1.000 евра, додека на истата површина се сее сончоглед за 600 до 700 евра.

Потенцијал за маслодајна репка

Освен за сончогледот, голем интерес има и за маслодајната репка која лани била засеана за речиси 30 отсто повеќе површини од претходната година. Тоа маслодајно растение го произведуваат добро организирани земјоделци со прецизна механизација, пренесува РТВ.

„Предвидувам дека приносите ќе бидат добри без оглед на потенцијално критичниот период што претстои, а тоа е растот на културите, цветањето и формирањето на семето. Доколку се одржи пролетната влага и нема временски непогоди, ќе имаме добри приноси“, изјавила за овој медиум Ана Марјановиќ Јеромела, експерт на Новосадскиот институт за полски и градинарски култури .

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:маслодајна репкасојасончоглед
Претходен напис Планинарскиот клуб „Љуботен“- Тетово ќе отвори Инфо центар за Шар Планина
Следен напис ФАО: Светските цени на храната достигнаа највисоко ниво досега
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?