Денеска во Берлин, започна саемот за овоштарство, еден од најпознатите во светот – Fruit Logistica. По минатогодишното откажување поради пандемијата на коронавирус, оваа година ќе биде отворен за сите заинтересирани посетители до 7 април.
Своите производи и услуги ќе ги претстават околу 2.000 изложувачи од 87 земји, а се очекуваат голем број посетители од 115 земји, се наведува на официјалната веб-страница на саемот.
„Некои излагачи сепак мораа да го откажат учеството поради скратеното време за подготовка поради панемијата, но ќе учествуваат како трговски посетители. За други, датумот во април и почетокот на сезоната се преклопија. Следната година саемот ќе се врати во неговиот првобитен датум во февруари“, рече директорот на Fruit Logistica Каи Мангелбергер.
Влијанијата на украинската криза
Fruit Logistica го покрива секој сектор од бизнисот со свежи производи и обезбедува целосна слика за најновите иновации, производи и услуги во секоја алка на меѓународниот синџир на снабдување. Сепак, бидејќи овие синџири се „потресени“ од кризата во Украина, Мангелбергер вели дека синџирите на снабдување се под притисок.
Овие и други теми поврзани со меѓународната трговија со овошје ќе се дискутираат на голем број различни настани, со што ќе се обезбеди идеална можност да се надополни знаењето од изминатите две години и да се донесат подобри деловни одлуки.
И министерот Љупчо Николовски го посети саемот.
