Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Акумулациите од хидросистемот „Брегалница“ се максимално полни, сезоната за наводнување ќе почне на 20 април
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Акумулациите од хидросистемот „Брегалница“ се максимално полни, сезоната за наводнување ќе почне на 20 април
Агровести

Акумулациите од хидросистемот „Брегалница“ се максимално полни, сезоната за наводнување ќе почне на 20 април

Последна измена: 06/04/2022 14:47
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Вештачките акумулации Калиманци и Гратче, кои се дел од хидросистемот Брегалница, се максимално полни со вода и со зголемениот доток од реките што се влеваат во нив, ќе се обезбеди непречено реaлизирање на годишниот план за наводнување.

Од водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани најавија дека сезоната за наводнување официјално ќе почне на 20 април, со што ќе се запазат оптималните рокови за сеидба на оризот и на другите земјоделски култури во источниот регион.

– Во моментот акумулацијата Калиманци располага со 111 милиони кубни метри вода, односно се наоѓа приближно до максималното ниво, додека браната Гратче целосно е полна и со нешто повеќе од два милиона кубни метри веќе е на прелив. Со овие количини ќе обезбедиме успешна сезона за полињата што се наводнуваат од хидросистемот Брегалница. За да се прибере зголемениот доток до почетокот на наводнителната кампања, во Кочанска Река и во Брегалница се испушта дел од акумулираната вода со што се амортизира можноста од неконтролирано прелевање. Подготовките на каналската мрежа за наводнување се при крај, се работи на санација на главниот канал, а три градежни машини се ангажирани за расчистување на земјените вади. Земјоделците од атарот на селата Зрновци, Прибачево и Оризари најавија дека нивните површини се веќе подготвени и можат да ја примаат водата, така што можно е кај нив наводнувањето да почне десетина дена порано од планираниот рок, истакна Благојчо Богатинов, в.д. директор на водостопанската подружница „Брегалница“.

Во изминатите неколку месеци ангажираните работници и механизација исчистија канали и вади со вкупна должина од 150 километри, а заменети се и дел од оштетените бетонски каналети за да се спречи неконтролирано губење на водата.

Според планот за наводнување, од хидросистемот „Брегалница“ оваа сезона ќе се наводнуваат 5000 хектари, од кои илјада хектари со крски култури, а остатокот ќе се засеат со ориз, пренесува МИА.

Може да ви се допадне

Директорот на Царина на настан со генералните директори на ЕУ и ЗБ: Покажавме дека Царинската управа е силно посветена на реформската агенда за забрзан влез во ЕУ
АД МЕПСО: Земјоделците безбедно да ракувааат со системите за наводнување на површини во близина на далеководните траси
Министерот Трипуновски ја посети компанијата „Агриа“
Деловните субјекти лани завршиле 5 405 станови, а индивидуалните сопственици 2 512
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија
Таг:брегалница
Претходен напис Fruit Logistica 2022: Фокус на меѓународната трговија со овошје
Следен напис Времето денеска променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?