На седницата на Владата на Србија усвоен е Заклучок со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица кои ги извезуваат овие производи во Италија, врз основа на договори склучени пред влегувањето во сила на Одлуката за привремена забрана за извоз на основните земјоделско-прехранбени производи, пренесува Agroklub.rs.
Владата на Србија проценила дека извозот на меркантилна пченица нема да предизвика нарушувања во функционирањето на земјоделскиот и прехранбениот сектор на земјата и нема да ја загрози прехранбената безбедност на населението, но ќе придонесе за градење доверба и одржување добри трговски односи во регионот.
Досега е одобрен извоз на пченица и пченка во Албанија и на сите основни прехранбени житарки и прехранбени производи за Македонија. Причината за првичната забрана беше да се реагира навремено на пазарните нарушувања и растот на побарувачката, како на светскиот, така и на домашниот пазар.
Според најавите од БиХ, државниот министер за надворешна трговија и економски односи Саша Косарац треба да го посети Белград, по повод разговорите за увоз на житарки од Србија во БиХ. Република Српска веќе има формирано список на сите потребни производи – пченка, пченица и други артикли, а се чека тоа да го направи и Федерацијата БиХ за да побараат помош од Србија.
