Рускиот премиер Михаил Мишустин потпишал указ за продолжување на забраната за извоз на амониум нитрат до 1 мај оваа година.
Сепак, според Fertilizerdaily, оваа одлука нема да влијае на извозот на овој вид ѓубриво во Јужна Осетија (независна република која се наоѓа во рамките на меѓународно признатата Грузија), Абхазија (земја на Кавказ која прогласи независност од Грузија), Доњецк и Луганска Народна Република – украински региони).
Претходно, на 1 февруари годинава, Русија го ограничи снабдувањето со амониум нитрат на светскиот пазар до 1 април. Но, земјоделците побараа од владата да го продолжи ограничувањето на извозот до 1 јуни бидејќи имаат проблеми со набавка на минерални ѓубрива. Се плашат дури и од шпекулациите дека производителите по истекот на забраната ќе ја чуваат својата роба за попрофитабилна продажба во странство.
„Продолжувањето на забраната за извоз на ова ѓубриво ќе помогне целосно да се задоволат потребите на руските земјоделци“, се вели во соопштението на владата.
Но, денеска веќе пристигнуваат вести дека земјата планира да ги зголеми извозните квоти за азотните и сложените ѓубрива, пренесува reuters.
Квотите ќе бидат зголемени за 231.000 тони за азотни ѓубрива и 466.000 тони за сложени ѓубрива, се вели во соопштението на Министерството за економија.
Мерката ќе помогне да се зголеми извозот на овие производи и во исто време да се обезбеди доволно количество хранливи материи за посевите за домашните земјоделци, се додава.
