Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2021 година изнесува 326 523 илјади литри, што е за 19.4 % помалку во однос на 2020 година.
Зголемување на производството во 2021 година е забележано кај овчото млеко за 29.3 % и кај козјото млеко за 6.2 % во однос на претходната година.
Вкупното производство на месо е зголемено за 4.6 %.
Од другите добиточни производи во 2021, во однос на 2020 година, забележано е зголемено производство на волна и намалено производство на јајца.



Државен завод за статистика
