Нашата цел е во ова време на глобална криза да го ставиме целокупното државно земјиште на располагање на земјоделците, со што ќе го зголемиме домашното производство.
Од денеска започнува постапката за доставување на понуди за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари. Јавниот повик се однесува на регионите Кавадарци, Росоман, Неготино, Ресен, Струга, Струмица, Тетово, Валандово и Гевгелија.
Ги повикувам сите земјоделци, физички и правни лица да се јават на јавниот оглас во рок од 30 дена.
Повеќе информации околу постапката може да видите на следниот линк: mzsv.gov.mk
Фејсбук-статус на министерот Љупчо Николовски
