John Deere го претстави својот нов прототип на целосно автономен 100 отсто електричен трактор SESAM 2, кој е подобрена верзија на моделот SESAM 1 од 2016 година.
Името на моделот доаѓа од кратенката Sustainable Energy Supply for Agricultural Machinery, што значи одржливо снабдување на земјоделска механизација со енергија.
Тракторот е посебен по тоа што може да работи целосно автономно, но со него може да се управува и рачно. Дизајниран е како дел од проектот GridCON 2 и тестиран на терен во центарот за истражување и развој на John Deere.
Може да работи цел ден
Новиот модел е надграден со иновации и има вградена батерија од 1.000 kWh која му овозможува да работи цел ден без прекин. Од вкупната достапна енергија, новиот роботски трактор користи 500 kWh за сопствен погон. Остатокот се користи за напојување на поврзаните уреди и други функции и за ракување со конектори.
SESAM 2 има големи тркала и изгледот на предниот дел е сличен на класичниот, но целиот дизајн го претставува изгледот на идните трактори.
Посебна носечка кабина
За него е дизајнирана посебна кабина која лесно се вклопува од предната страна и е опремена со безжична комуникација. Посветено е посебно внимание на намалувањето и одржувањето на бучавата.

Управувањето може да биде автономно или рачно од кабината или преку воланот што е корисно при враќање од парцелата или напуштање на гаражата.
Опцијата за нејзино отстранување овозможува поврзана работа на неколку трактори кои може далечински да ги контролира едно лице.
Предната рачка на машината овозможува прицврстување на кабината. Одзади има лост и кука што овозможува поврзување на култиватори, сеалки и распрскувачи.
Како изгледа овој треактор при работа, погледнете во видеото:
