Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Украина ја укина забраната за извоз на пченка и сончогледово масло
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Украина ја укина забраната за извоз на пченка и сончогледово масло
Агровести

Украина ја укина забраната за извоз на пченка и сончогледово масло

Објавено 29/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Украина ги отстрани пченката и сончогледовото масло од списокот на стоки кои подлежат на извозни дозволи, објави Аpk-inform.

Имено, тие на 5 март одредија дека покрај забраните за извоз на ‘рж, овес, просо, хељда, сол, шеќер, месо и добиток, ќе воведат и забрани за своите клучни производи, пченица, пченка и сончогледово масло, како и пилешко месо и јајца.

Но, минатата недела, Микола Горбачов, во име на Украинската асоцијација за житарки (UGA), испрати писмо до премиерот Денис Шмихал, барајќи укинување на дозволите за пченка и сончогледово масло, како и за пченица.

Во тоа писмо, тој понудил и низа предлози со кои извозните текови од пристаништата на Црното Море би се префрлиле на копнени патишта. Потсетил и дека земјата дневно извезувала околу 200 илјади тони жито преку пристаништата, а сега копнените патишта дозволуваат само околу 20 илјади тони дневно, што е десет пати помалку. Тој нагласил дека послабиот извоз ја загрозува кампањата за пролетна сеидба бидејќи земјоделците ги користат парите за покривање на трошоците.

„Ја анализиравме ситуацијата и заклучивме дека укинувањето на лиценците ќе ни овозможи да го забрзаме извозот. UGA веќе им се обрати на нашите европски колеги и сега бараме од владата да ја поддржи оваа иницијатива за поедноставување на трговијата меѓу Украина и ЕУ“, рекол тој.

Кога станува збор за сеидбата, Министерството објави прогнози дека под главни пролетни култури на територијата што ја контролира Украина ќе бидат 5,99 милиони хектари, што е за 1,689 милиони хектари помалку од лани. Сеидбата започнала во 11 области, а во огласот се нагласува дека лани во ова време работите се уште не биле започнати.

Земјоделците посеале 22,5 илјади хектари со пролетна пченица, 74,8 илјади хектари со пролетен јачмен, со маслодајна репка 1,6 илјади хектари, овес 15,2 илјади хектари, грашок 21,1 илјади хектари, шеќерна репка 3,3 илјади хектари, сончоглед 2,2 илјади хектара, соја 2 илјади хектари.

Заменик-министерот за земјоделска политика и храна на Украина Тарас Висоцки изјави дека ќе се посеат помалку сончоглед и пченка од вообичаено, а акцент ќе биде ставен на оние кои полесно се одгледуваат и се важни за безбедноста на храната, пренесува Аpk-inform.

Земјоделците ќе сеат повеќе грашок, јачмен и овес кои се полесни за одгледување и се важни за исхраната. „Значи, преминуваме од извозни на прехранбени култури за домашна потрошувачка“, рече Висоцки, нагласувајќи дека засеаните површини ќе се намалат за 30 проценти.

Може да ви се допадне

Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Таг:пченкаУкраина
Претходен напис Нѐ очекува променливо облачно време со услови зa слаб локален дожд
Следен напис Орданчо Иванов од „Иванов Винарија“ ќе произведува вино почитувајќи ја космичката енергија и природниот ритам на почвата и растенијата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?