Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски објави дека се исплатени директните плаќања за поледелски култури.
„Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ги исплати директните плаќања за поледелски култури.
Исплатени се над 24.000 корисници со вкупна сума од 455 милиони денари.
Исплатата на поледелските култури доаѓа во вистински момент, кога земјоделците се во екот на припремите за пролетната сеидба.
Агенцијата продолжува со своите активности за овозможување на финансиска поддршка на земјоделскиот сектор преку неселективна исплата која се одвива согласно динамиката на обработка на пристигнатите апликации.“, стои во објавата на Бачовски.
Бачовски: Исплатени се над 450 милиони денари за 24.000 корисници
Остави коментар
Остави коментар
