Министерот Љупчо Николовски на денешното гостување во Утрински брифинг меѓу другото зборуваше и за важноста на субвенциите.
„Земјоделството е значаен сектор во ЕУ и мора секоја педа земја да се искористи, а ако нема субвенции земјоделството ќе пропадне. Не е случајно што ЕУ дури 40% од Буџетот одвојува за агрокомплексот и руралниот развој. Во вакви времиња на светска криза ја гледаме важноста на земјоделското производство и субвенциите што ги овозможува државатa. Тие се клучни за земјоделците и за зголемување на домашното земјоделско производство, на производството на храна.“, рече Николовски.
„Преку ИПАРД Програмата до крајот на оваа година ќе ставиме на располагање дополнителни 35 милиони евра кои се за развојни проекти, за модернизација, за зголемување на производството, за опрема, за дигитализација во земјоделството.
Со новиот ИПАРД3 250 милиони евра ќе дојдат во земјоделството. Ги повикувам сите оние кои се занимаваат со земјоделство, да ги искористат максимално субвенциите кои ги овозможува државата.“, нагласи министерот.
„Новиот модел на субвенционирање е авансен со 30 отсто исплата однапред. И земјоделското земјиште да се стави во функција и да се вршат строги контроли, а истовремено да се работи на рурален развој, се клучни стратегии на Владата со помош на ИПАРД 3 фондовите кои се за модернизација, опремување и дигитализација во земјоделството. Филозофијата на европските субвенции е да се зголемат земјоделските површини“, рече Николовски.
Како што рече министерот, клучен фактор е и укрупнувањето на земјоделските површини и таа консолидација сега се одвива на 14 подрачја во државата и дека на тој начин се зголемуваат и приходите на земјоделците. Николовски рече дека 12 илјади хектари се слободни и достапни за младите и жените со помош на мерките за рурален развој да се вклучат во земјоделството. Оваа земја има природни ресурси кои треба да се стават во функција.
„Министерството подготвува детална програма и преглед на секое слободно земјоделско земјиште коешто ќе биде ставено во функција, Околу 12.000 ха ќе бидат на располагање, правима план како и во кои региони кој култури ќе добијат предност и фокус. Ги повикувам граѓаните и младите да се ангажираат и да влезат во земјоделскиот сектор заради тоа што има серија на мерки преку коишто државата дава поддршка. За секоја рурална жена државата дава грант од 6000 евра, за секој млад земјоделец со новите измени 40% авансна исплата со самото склучување на договорите. Имаме разни мерки во програмата за рурален развој коишто ги нема во регионот. Меѓутоа, и кај ИПАРД 3 сме лидери во регионот и во искористеноста на ИПАРД 2 200 договори се веќе склучени.
