Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Куманово почна со изработка на стратегија за рурален развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Куманово почна со изработка на стратегија за рурален развој
Рурален Развој

Куманово почна со изработка на стратегија за рурален развој

Објавено 18/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Куманово почна со подготовка на Стратегијата за рурален развој на Општина Куманово за периодот 2021/25 година. Денеска се одржа првата работилница за изработка на стратегијата како дел од програмата на сектор за евроинтеграции и меѓународна соработка, стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој.Стратегијата ќе биде водич кој ќе ја насочи општината кон нејзиното дејствување во наредниот период.

– Денеска е првата работилница за изработка на стратегија за рурален развој која е ставена во програмата на сектор за евроинтеграција и меѓународна соработка ЛЕР и во рамки на изработка на оваа стратегија се предвидени пет работилници. На последната стратегија треба да учествуваат советниците од општина Куманово каде ќе биде претставена драфт верзијата на стратегијата. На оваа работилница се поканети сите засегнати страни коишто се вклучени во делот на рурален развој, здружение на земјоделци, здружение на угостители, граѓански организации, претставници од урбанизам, локален економски развој, евроинтеграции и други, изјави раководителката на одделението за стратешко планирање, креирање политики и ЛЕР, Донка Петровска.

Целта на стратегијата е да ги земе предвид моменталните потреби и да ги предвиди потенцијалите за развој во опкружувањето, да ги идентификува можностите и приоритетите за дејствување и рурален развој, преку кои би се поттикнале и поддржале потребите и интересите на руралното население во државата.

– Во претходните три години општина Куманово веќе подготви три стратешки документи, стратегија за локален економски развој, стратегија за туризам како и стратегија за локален социјален совет. Стратегијата всушност ќе биде основа за аплицирање на ИПАРД програмата којашто слушаме во последниов период дека ќе биде подиректно финансирање така што ќе можат да ја користат освен општина Куманово и другите локални институции и граѓански организации-појаснува Петровска.

На работилницата е изработена анализа, утврдени се приоритетите врз чија основа ќе се предвидат активности.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Објавен Јавен повик од програмата за рурален развој Мерка 213 – Поддршка за зачувување на руралните предели
Таг:кумановорурален развојстратегија
Претходен напис Босилек – лековито растение со „божествена моќ“ и симбол за добредојде
Следен напис Како да одгледувате шипинки на лесен и едноставен начин
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?