Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бесими: Стоковите резерви се стабилни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бесими: Стоковите резерви се стабилни
Агровести

Бесими: Стоковите резерви се стабилни

Објавено 07/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Има доволно и на соодветно ниво на државни резерви, но и потребни количини на пазарот. Преку Министерството за земјоделство имаме информации колку резерви има од трговците и апсолутно нема простор за шпекулации, вели Бесими.

Стоковите резерви се стабилни, има доволно државни резерви и во моментов нема потреба од нивно ставање на располагање, вели министерот за финансии, Фатмир Бесими за „Тема на денот” што се емитуваше вчеравечер на Сител телевизија.

Тој потенцира дека уште од првиот ден од нападот во Украина, одржана е итна седница на Владата на која се разгледани сите аспекти, а како една од точките за кои се дискутирало било и за стоковите резерви.

-Има доволно и на соодветно ниво на државни резерви, но и потребни количини на пазарот. Преку Министерството за земјоделство имаме информации колку резерви има од трговците и апсолутно нема простор за шпекулации, вели Бесими.

На прашањето дали во Буџетот се предвидени средства за исплата на ветеното зголемување на пензиите од илјада денари по месец, министерот вели дека во моментов Пензискиот фонд е ликвиден и планираните средства ќе се исплатат од таму, а понатаму зголемувањето на пензиите ќе биде покриено со ребаланс на Буџетот за 2022.

Притоа, нагласи министерот, зголемувањето на пензиите нема да подразбира зголемување на придонесите.

Јавниот долг согласно Стратегијата за управување со јавен долг до 2026 е планирано да се намали на 56,5 проценти од БДП. Буџетскиот дефицит до 2026 треба да се намали до 2,2 проценти од БДП. Значајно е што во Собрание е Законот за буџети со којшто се предвидуваат фискални правила за буџетски дефицит до 3 проценти и јавен долг до 60 проценти.

Министерот за финасии за денеска најави седница на Економскиот совет на која заедно со надворешни експерти ќе се дискутира за сет мерки на кои веќе се работи, меѓу кои и мерки во делот на цената на електричната енергија.

-Ние имаме најниски цени во регионот, но тоа не значи дека не работиме на можни мерки. Веќе се работи на дизајнирање мерки за справување со кризата како резултат од порастот на цените на прехранбените производи и на енергенсите, особено зајакнати по руско-украинската војна. Утре на Економски совет на Владата, свикан од претседателот на владата, во проширен состав заедно со надворешни експерти кои ќе дадат свој придонес ќе се дискутира за предлози на можни решенија кои ќе следат, за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на стопанството, рече Бесими, пренесува МИА.

Според него, варијабилната акциза на горивата предвидена со последните измени на Законот за акцизи во моментов, дава ефект за ублажување на ценовниот шок. Дополнително, во делот на енергесите, со последните измени на Законот за царинска тарифа се намали царината на природниот гас на нула, а во Собрание е и Закон за измени на Законот за Данокот на додадена вредност со кој во делот на природен гас, ДДВ наместо да се наплаќа при увоз, би се наплаќал при промет во земјата, укажа Бесими.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бесими
Претходен напис Зголемени водостоите на Дојранското и Преспанското Езеро
Следен напис Во февруари раст на трошоците на живот за процент, а на цените на мало за 1,2 процента
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?