Одгледување компири со сардини – идејата е многу чудна на прв поглед, но како што велат норвешките одгледувачи, многу корисна.
Секој кој се занимава со градинарство има некоја своја мудрост, совети и домашни препарати кои му помагаат да одгледуваат вкусен, отпорен и здрав зеленчук. Органските ѓубрива обично се прават од растителни состојки а, сардините се покажале и како одлична хранлива материја за осиромашената почва.
Користењето на сардини како природно органско ѓубриво дава неверојатни резултати кога рибите се распаѓаат во почвата. Тоа му дава многу силна органска супстанција која помага да се забрза ртењето и значително да се зголеми производството.
Вака одгледуваните компири се сметаат за најскапи во светот бидејќи содржат висок процент на фосфор и фолна киселина, а Норвешка е светски лидер во оваа област.
Ова е рецепт кој со години го користат фармерите во Норвешка, а судејќи според нивното искуство, компирите кои се засадени заедно со сардини даваат фасцинантен принос, пишува страницата Interesting.
Најдобро е во почвата да се стават свежи сардини кои со текот на времето се распаѓаат и ја збогатуваат почвата со многу хранливи материи неопходни за успешно одгледување на бројни зеленчуци, а не само на компири. Сепак, сардините се покажале како најдобро ѓубриво за одгледување компири, кои благодарение на оваа вкусна сина риба побрзо ‘ртат и даваат поголеми приноси.
Сепак, мора да се напомене дека компирот одгледуван и оплоден на овој начин не е евтин, бидејќи содржи висока концентрација на фосфор и фолна киселина, а ѓубрењето на почвата со свежи сардини не е евтино за области кои не се покрај море.
Погледнете повеќе за овој метод во видеото подолу.
