Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Украинско земјоделство: Што ќе се случи ако изостане пролетната сеидба?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Украинско земјоделство: Што ќе се случи ако изостане пролетната сеидба?
Агровести

Украинско земјоделство: Што ќе се случи ако изостане пролетната сеидба?

Објавено 01/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со своите 41,5 милиони хектари обработливо земјиште, Украина е клучна за глобалното земјоделство.

„Сеењето пченка во Украина би можело да биде неизвесно“, изјавил новинарот од Киев, Јуриј Михаилов за Successful Farming, коментирајќи ги актуелните случувања во оваа европска земја.
Михајлов верува дека пролетната сезона нормално ќе се одвива на западот од земјата, каде што најмногу овошје и зеленчук се одгледува во оранжерии.

Производство на пченка/извод/USDA

Доминантно земјоделство

Украина ја нарекуваат житница на Европа, а покрај тоа, таа е клучна за глобалното земјоделство. Имено, располага со повеќе од 41,5 милиони хектари обработливо земјиште кое зафаќа дури 70 отсто од целата земја. Најквалитетната црна земја, позната како чернозем, учествува со дури 25 проценти. Според Аgweb, во 2020 година, украинскиот земјоделски сектор генерирал околу 9,3 отсто од бруто домашниот производ. Поледелството доминира и сочинува 73 отсто од земјоделското производство.

Извоз на пченица

Главни посеви во земјата се сончогледот, пченката, сојата, пченицата и јачменот. На глобално ниво оваа земја е прва по одгледувањето сончоглед. Пред оваа вонредна состојба, а според проценките на Министерството за земјоделство на САД, во сезоната 2021/22 се очекуваа рекордни 17,5 милиони тони сончоглед.

Шести е по производство на пченка, на шесто место во светот во производството на јачмен, на седмо во производство на маслодајната репка и деветто во производство на соја и пченица.

Производството е првенствено поделено во две групи – земјоделски претпријатија и домаќинства. Првата група сочинува 55 отсто од БДП и се состои од 45.000 бизниси. Втората група се состои од повеќе од 4 милиони домаќинства кои обработуваат во просек 1,23 хектари земја, што претставува речиси 45 отсто од БДП, според Државната служба за статистика на Украина.

Извоз на пченка

Треба да се напомене дека до минатата година имаше мораториум за откуп на земјоделско земјиште. Во јули тој беше укинат и земјиштето е достапно за продажба на граѓаните, до 247 хектари по поединец. Според сегашниот план, од 2024 година тоа ќе им биде дозволено и на правни лица кои ќе можат да откупат до 24.710 хектари.

Најмногу се извезува пченка и сончоглед

Уделот на земјоделството во извозните приходи се зголеми од 26 отсто во 2012 година на 45 отсто во 2020 година кога достигна вредност од 22,2 милијарди долари. Основа и натаму е извозот на суровини, главно жита и маслодајни семиња. Сончогледовото масло е втор најголем извозен производ по пченката, со вредност од 5,8 милијарди долари или 7,6 отсто од вкупниот извоз. Исто така, произведува значителни количини живина, фуражни и сточарски култури, компири, шеќерна репка и разновидно овошје и зеленчук.

Извоз на сончоглед

Оваа година Украина беше предвидено да учествува со 12 отсто од светскиот извоз на пченица, 16 отсто пченка, 18 отсто јачмен и 19 отсто маслодајната репка.

Кога станува збор за извозот на пченица, најголем дел од ова жито се испорачува наесен, а дел и на почетокот на зимата. Извозот на пченка започнува кон крајот на есента и продолжува во првата половина од годината, додека сончогледовото масло се испорачува во текот на целата година со пократок сезонски пад кон крајот на летото.

„Значи, секое нарушување на трговијата веројатно повеќе ќе се почувствува за пченката и сончогледовото масло отколку за пченицата“, коментира Џозеф В. Глаубер од Меѓународниот институт за истражување на политиката за храна, заклучувајќи дека постои голема загриженост доколку ситуацијата ја наруши пролетната сеидба.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ukrainaУкраина
Претходен напис ОН: Поради климатските промени ќе поскапи храната и ќе се зголеми сиромаштијата
Следен напис Боровинки, лиснат зеленчук, древни житарки… Ова се 10 најздрави намирници кои се прогласени за суперхрана за 2022 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?