Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тутунски Комбинат Прилеп со добивка од над два милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тутунски Комбинат Прилеп со добивка од над два милиони евра
Агровести

Тутунски Комбинат Прилеп со добивка од над два милиони евра

Објавено 28/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тутунски комбинат АД Прилеп во 2021 оствари добивка во износ од 134,7 милиони денари (2.2 милиони евра), информира компанијата преку Македонската берза. Ова е трета година по ред, по 20 години поминати како еден од најголемите загубари во земјава, ТКП да прокнижува добивка од работењето. Во 2019 година добивката изнесуваше 39.220 илјади денари, а во 2020 година – 31.004 илјади денари.

Според извештајот доставен до Македонската берза, во 2021 година оперативните приходи изнесувале 1.105.363 илјади денари што претствува зголемување од  22% во однос на 2020 година, како резултат на пораст на приходите од продажба. Истовремено, и покрај предизвиците наметнати од растот на влезните инпути, компанијата успеа да ги одржи оперативните расходи речиси на исто ниво како и претходната година. Во 2021 година, финансиските приходи на компанијата се зголемиле од 107.929 илјади денари на 196.415 илјади денари, што претставува раст од 80% споредено со 2020 година.

Остварената добивка е резултат на продлабочувањето на соработката со стратешкиот партнер, што придонесе последните години да се подигнат стандардите за квалитет, продуктивноста да биде на максимално ниво, да се зголемат капацитетите, а со тоа и продажбата.  Изминатите години Тутунски Комбинат Прилеп, благодарение на партнерството  со Филип Морис Интернационал (ФМИ) во заедничката компанија ФМТКП, значително ја подобри инфраструктурата на производство со реновирање на производниот погон и подигнување на производствените стандарди, што овозможи и производство на нови квалитетни брендови од палетата на ФМИ. Позитивните финансиски резултати покажуваат дека компанијата ги исполнува планираните параметри, со тенденција да се продолжи со исто темпо и во наредните години.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:мзшвтутун
Претходен напис Цената на пченката повторно скокна на европскиот пазар
Следен напис На Попова Шапка -12 степени и 52 сантиметри снег, а времето денеска ќе биде облачно со повремен снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?