Времето ќе биде променливо облачно, во западните и јужните делови со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 0 до 5 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 5 степени. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со слаб до умерен ветер од северен правец. Повеќе сончеви периоди ќе има во четврток. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а дневните од четврток ќе бидат во благ пораст, информираат од УХМР.
На Попова Шапка утрово се измерени -12 степени, во Маврово и Крушево -7, -5 во Берово, -4 во Крива Паланка, -3 Прилеп, -2 во Скопје, Куманово, Охрид, Битола, Виница, -1 Тетово, а еден степен на нулата во Гевгелија. На Попова Шапка има и најмногу снег 52 сантиметри, а 37 во Маврови Анови и во Крушево, информира УХМР.
