Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Конфликтот ги остава главните увозници на земјоделски култури особено ранливи, бидејќи Украина и Русија снабдуваат огромен број земји од Азија до Блискиот Исток и Африка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Конфликтот ги остава главните увозници на земјоделски култури особено ранливи, бидејќи Украина и Русија снабдуваат огромен број земји од Азија до Блискиот Исток и Африка
Агровести

Конфликтот ги остава главните увозници на земјоделски култури особено ранливи, бидејќи Украина и Русија снабдуваат огромен број земји од Азија до Блискиот Исток и Африка

Објавено 24/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пазарите на жито се катапултираа повисоко бидејќи рускиот напад врз Украина го доведе во опасност виталниот извор на глобалните резерви на жито, пишува Bloomberglaw.com.

Фјучерсите за пченица и пченка во Чикаго го достигнаа максимумот.
„Украинските поморски пристаништа се затворени“, соопшти претседателскиот кабинет.

„Пазарите утрово се во паника“, рече советникот од Агрител.

Конфликтот ги остава главните увозници на земјоделски култури особено ранливи, бидејќи Украина и Русија снабдуваат огромен број земји од Азија до Блискиот Исток и Африка. Сите очи ќе бидат насочени кон тендерот за пченица на главниот увозник Египет.

Украина и Русија сочинуваат повеќе од една четвртина од глобалната трговија со пченица и околу една петтина од продажбата на пченка и 80% од извозот на сончогледово масло. Цената на пченицата на трговската берза во Чикаго утрово беше за 5,7% повисока, а пченката и сојата исто така беа за околу 5% повисоки.

Дополнително на кризата, сушата во Јужна Америка ги намали изгледите за резервите на соја, испраќајќи ги фјучерсите на највисоко ниво во последните девет години. Палминото масло, кое се користи во илјадници производи, е на рекордно ниво бидејќи недостигот на работна сила го намалува производството во големиот производител Малезија. Во Малезија, цената на палминото масло порасна за 8%.

Тоа може да доведе до повисоки цени во продавниците за храна, бидејќи сè, од тестенини до чоколади станува поскапо за производство, дополнително притискајќи ги домашните буџети. Експертите предвидуваат и дополнителен скок на цените.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:РусијаУкраина
Претходен напис СВР Тетово со апел да не се палат стрништата на нивите за да нема пожари
Следен напис Заврши јагнењето на овците во Кичевско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?