Индустриските сорти на компири се за соодветна намена.
Досегашната поделба на компирите само на „црвено и бели“ треба да се смени за компирот како неизбежна храна да го добие местото што му припаѓа, односно компирот да се одгледува како производ за посебна намена.
Изборот на сорта е еден од најважните параметри за успешно производство. Сортите за рано производство мора да бидат со кратка вегетација, со рано никнување на клубените. Од голема важност е толеранција на високи температури, на осцилации во водоснабдувањето, отпорност и толеранција на пламеница, како и на високи температури во моментот на формирање на клубенот.
Компирите што се користат за индустриска преработка треба да имаат клубени соодветни за намената (чипс, помфрит, пире од компири и сл.) Клубените мора да бидат изедначени по големина, со висока содржина на сува материја и ниска содржина на шеќер. Предност се дава на толерантни и отпорни сорти.
Параметри за избор на сорта се: должина на вегетацијата, оддалеченост од пазарот, климатските и почвените услови.
Индустриски сорти на компири:
Arosa – Многу рана сорта, одлична за помфрит
Atlantic – Средно рана, сорта на чипс
Chieftain – Средно рана, сорта за помфрит и чипс
Bintije – Средно рана, сорта за помфрит
Caruso – Средно рана, сорта на чипс
Opal – Средно рана, сорта на чипс
Panda – Средно доцна, сорта на чипс
Ова се само дел од сортите за индустриска преработка. Два климатски фактори се најважни за успешно одгледување и постигнување високи приноси: водата и температурата. Приносот зависи не само од количината, туку и од распределбата на врнежите во текот на сезоната на растење. Покрај влијанието врз приносот водата влијае и на бројот на клубени, нивната големина и нивниот квалитет. Еднообразната распределба на врнежите е најповолна затоа што тогаш се добива поголем број на соодветни клубени, со најголемо учество на пазарните клубени и најдобар финансиски ефект, соверува дипл. инж. за земјоделство Борко Ивановиќ, ПССС Чачак за agrosavjet.
