Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Напредни лозари”: Да се спречат лошите сценарија на откупувачите и преработувачите кон производителите на грозје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Напредни лозари”: Да се спречат лошите сценарија на откупувачите и преработувачите кон производителите на грозје
Агровести

„Напредни лозари”: Да се спречат лошите сценарија на откупувачите и преработувачите кон производителите на грозје

Објавено 24/02/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Регионалното здружение „Напредни лозари” бара да се спречат, како што велат, лошите сценарија на откупувачите и преработувачите кон производителите на грозје, кои траат со години.

– Сценаријата на нерешавање и недефинирање на откупната цена и откупните квоти на грозје до самата берба, за крајна цел имаа ставање на лозаропроизводителите пред свршен чин и монополски ценовни уцени од страна на сопствениците на преработувачките капацитети и другите откупувачи на грозје, винарии и трговци-откупувачи. Ваквите сценарија доведоа грозјето ценовно да биде обезвреднето под границите на било каква рентабилност или заработка, а со тоа и загрозување на егзистенцијата на лозарите – вели денеска за МИА, претседателот Трајче Кулев, по синоќешниот состанок на Здружението.

Тој појаснува дека целта на состанокот била навреме, а не пред самата берба, да се прецизираат и дефинираат условите на производство и откуп на сите видови грозје за реколтата во 2022 година.

– „Напредни Лозари“ им оставаат на министерот и надлежните од МЗШВ време од две недели, до 10 март, добро да ги разгледаат нашиве предлози кои им ги доставуваме и на заеднички состанок да се произнесат со јасен и недвосмислен став по тие предлози, дециден е Кулев. Тој се осврнува и на нивните предлози за решавање на повеќегодишната криза во лозарството.

– Барање за утврдување на технолошката зрелост на секоја сорта грозје изразена во шеќерни единици, за да се избегнат можните манипулации од страна на откупувачите, што до сега беше пракса. Ова да се гарантира со закон – информира Кулев.

Меѓу предлозите е и утврдување на реалната цената на чинење на производството на еден килограм за секоја сорта грозје. Во неа да се пресмета порастот на производствените трошоци како што се цената на горивата, вештачките ѓубрива, препаратите за заштита на лозовите насади, наводнувањето, цената на работната рака, амортизацијата на земјоделските машини и други трошоци. За овие две точки да бидат вклучени експерти од МЗШВ, професори од земјоделскиот факултет и претставници на лозарите.

Лозарите бараат утврдување на реалните откупни цени на килограм грозје за реколта 2022 година, посебно за секоја сорта грозје. Реалната откупна цена на килограм грозје да биде сочинета од производствената цена на килограм грозје по сорта грозје, согласно утврдената технолошка зрелост во шеќерни единици, зголемена за 50 проценти и дополнително зголемување на цените на откупот на грозје, согласно порастот на животните трошоци и падот на животниот стандард.

– Вака формираните цени да бидат гарантирани со закон, но не подоцна од почетокот на јуни 2022 година, вели Кулев.

Производителите на грозје се исто така за изработка на проект за планско производство на грозје по сорти, согласно потребите на пазарот и можностите на преработувачките и откупните капацитети, краткорочно за оваа година, среднорочно за наредните три години и долгорочно за наредните пет до десет години.

– Прецизирање и дефинирање на формално-правно издржани и реални кооперантски договори за откуп на грозје во преработувачките и откупните капацитети со квантитативно-квалитативни клаузули во истите. Истите да ги гарантира МЗШВ (Владата), а во мониторингот задолжително да бидат вклучени претставници на РЗ „Напредни Лозари“ или од него овластени лица, се вели во предлозите на Здружението.

Субвенционирање на производството, како и изработка и донесување на закон за лозарство и грозје како посебен закон, а не во рамките на законот за вино, се исто така дел од предложените решенија за решавање на проблемите на лозарите.

– Во писмо, РЗ „Напредни Лозари“ ги известуваат министерот и МЗШВ дека отпочна кампања под логото „За подобра лозарска иднина“ и дека првата фаза на таа кампања завршува на 31 мај. Ние очекуваме до овој датум, доставените предлози да бидат имплементирани. Во зависност од постигнатиот степен на решавање на предлозите, веќе на почетокот на месец јуни, УО на РЗ „Напредни Лозари“ ќе ги донесе понатамошните одлуки за наредните активности, во насока на остварување на лозарските интереси, со што започнува втората фаза на кампањата, појаснува Кулев.

Тој е категоричен дека „Напредни Лозари“ е непартиска, неполитичка и невладина организација со единствена цел, заштита на интересот на лозаропроизводителите.

– Ќе ги искористиме сите демократски дозволени средства во насока на заштита на интересите на лозарите. Порачуваме дека сме спремни за преговори и со поголемите лозаропреработувачки капацитети кои ги креираат цените. Напоменуваме дека дека оваа година нема да се чека септември и гроздоберот за да се бара решавање на проблемите, додаде Кулев.

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Таг:лозјенапредни лозари
Претходен напис Дали новиот хибрид на пченка со низок раст ќе биде отпорен на климатските промени?
Следен напис Индустриски сорти на компири за чипс, помфрит, пире
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?