Дуњата во народната медицина е позната по нејзините лековити својства при проблеми со кашлица и желудник.
Дуњата содржи малку калории, соли и масти, па се препорачува за регулирање на тежината, додека компотот од ова овошје треба да го јадат оние кои имаат проблеми со варењето и чир на желудникот.
Ова овошје содржи витамини Б1, Б2, ниацин, каротен, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, хлор и сулфур. Покрај тоа, содржи протеини, диетални влакна и јаглехидрати.
Плодот од дуњата има повеќе витамин Ц отколку лимонот. Благодарение на тоа, дуњата спречува инфекции и го зајакнува имунолошкиот систем. Поволно делува на респираторниот систем, па се препорачува при долготрајна и упорна кашлица, особено ако се работи за бронхитис. Сокот од дуња успешно помага во лекувањето кашлица, астма и дијареа, додека печена или варена дуња се препорачува за анемични лица, но и за лекување на воспаленија на желудникот и цревата, како и за тешки циклуси.
Сокот се подготвува така што една голема дуња добро се мие и се сече на прстени но со кората. Потоа се вари во литар вода додека водата не изврие до половина. Кога ќе се излади, сокот се цеди, а дуњата не се фрла, туку може да се јаде.
Семки
Семките од дуња се користат за правење чај кој ги чисти дишните патишта и е ефикасен при кашлица. Семките треба да се остават да отстојат во водата и да испуштат слуз, што е одлично за белите дробови бидејќи содржи големи количини амигдалин, односно витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство.
Со оглед на тоа што се богати со антиоксиданси, семките се покажале како добри при лекување на рани и благи изгореници. Треба само да ги сварите семките од дуњата за да добиете густа течност со која ќе ги третирате проблематичните области.
Листови
Исушените листови од дуња можат да бидат прва помош при дијареа, и кај деца и кај возрасни.
Чајот се приготвува така што три листа се прелеваат со 250 милилитри врела вода. Шолјата се покрива и се остава да отстои 15 минути. Чајот не треба да се засладува, а може да се пие и ладен. Овој чај се препорачува и при дехидрација.
Извор: srecna.republika.rs
