Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пчеларите од Македонска Каменица го прославија заштитникот „Св.Харалампиј“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пчеларите од Македонска Каменица го прославија заштитникот „Св.Харалампиј“
Агровести

Пчеларите од Македонска Каменица го прославија заштитникот „Св.Харалампиј“

Објавено 24/02/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со благослов од свештенството при црквата „Успение на Пресвета Богородица“, пчеларите од Македонска Каменица и околните градови, денеска го прославија својот заштитник „Св.Харалампиј“. Настанот, кој прераснува во традиција, го организираше каменичкото здружение „Еко Кам Мед“.

Претседателот на здружението Боге Јанковски ја оцени како успешна изминатата година и најави дека дека здружението ќе продолжи да ги снабдува пчеларите со стручна литература и медоносни садници.

– Оваа година, благодарение на Општината и Советот ќе биде поделена литература за зголемување на знаењето на пчеларите. Благодарение на општината, како и на рудникот „Саса“ со 2000 садници ќе бидат збогатени корените со бадем и питом костен. Денес, секој ќе добие корени од овие медоносни дрвја, а останатите ќе ги посадиме во текот на неделава околу речното корито на Каменичка река, рече Јанковски.

(Видео) Боге Јанковски, пчелар: Од пчеларство како дополнителна дејност, може добро да се заработи

Пчеларот Миле Малчовски од Македонска Каменица е задоволен од годината што измина. Тој одгледува 50 пчелни семејства на местото викано Рашките кај село Луковица, со вкупен годишен приход од 7 до 10 килограми произведен мед од едно пчелно семејство. Како најголем проблем изминатата година Малчовски ја посочува појавата на „црн“ мед кој правел штета бидејќи пчелите не се развивале правилно.

Пчеларот Славе Митевски, кој на неодамнешниот натпревар во Тетово за својот мед и пчелни производи ја освоил првата награда во конкуренција на пчелари од 21 држава, вели дека годината на почетокот била слаба, а потоа задоволителна.

-Од пред неколку години сум пчелар, произведувам за себе и за другите, а освен мед произведувам и други пчелни производи како прополис и сл. Пчелите ми се стационирани во село Дулица на свое земјиште, имам 30-тина пчелни семејства. Изминатата година беше „и вака и така“, почетокот беше многу слаб, а потоа годината беше задоволителна, изјави Митевски.

Младен Николовски, кој е еден од поискусните пчелари во регионот, вели дека каменичкото здружение е едно од ретките што се организираат на ваков начин. Според него, во Македонска Каменица со пчеларство се занимаваат над 100 пчелари кои, како што вели, во последно време го користат интернетот за подобра промоција на медот.

– Нашиот мед доста е баран, бидејќи самата околина го нуди тоа и штета е да не го искористиме. Во однос на најзастапеното прашање дали може да се живее од пчеларство, моја препорака е да се почне со три до пет сандаци и да се види дали може да се работи со пчели. Тоа е работа која бара доста наука и поддршка од семејството, изјави Николовски, кој годинава најмногу стравува од зазимената храна за пчелите која според него не е квалитетна и може да создаде проблеми по пчелните семејства.

Во однос на информираноста на пчеларите за користење на ИПАРД мерките, претседателот на здружението Јанковски вели дека пчеларите генерално ги знаат информациите, но според него потребна е поголема подготовка за навремено аплицирање.

– Во последно време, Министерството ги информира пчеларите за промените околу нивните права како субвенции, апликации за ИПАРД и друга поддршка и повици кои ги има АФПЗРР, иако мислам дека може да се зголеми информирањето, во смисла на тоа да се направи тим кој ќе ги информира пчеларите за критериумите многу порано пред да се објават повиците со цел да бидат подготвени, истакна Јанковски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Македонска каменицапчелари
Претходен напис Минусни температури утрово на Попова Шапка, Маврово, Крива Паланка, Охрид и Претор
Следен напис Јавна дискусија „Во потрага по загадувачите на реката Брегалница“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?