„Иднината е во имплементирање на современи и иновативни технолошки решенија, земјоделскиот сектор мора да се осовременува и да биде поддржан со брз проток на информации.
На Факултетот за земјоделски науки и храна, денеска имав плодна и успешна средба со академската заедница и претставници на бизнис секторот.
Ја поздравувам и поддржувам идејата за проектот „Паметна специјализација“, проект чија примена е овозможување преку нови технологии да создаваме поголема конкурентност на домашното производство, со што земјоделското производство ќе се модернизира и ќе се намалат производствените трошоци.
МЗШВ при креирање на сите развојни политики става силен акцент токму на младите земјоделски професионалци, преку вакви проекти, модерни решенија и иновации да бидат двигатели на развојот и да ги носат позитивните промени во општеството.
Им благодарам на СветскаБанка, ГИЗ – Германско друштво за интернационална соработка, и Програмата за зголемување на пазарната вработливост ИМЕ, за значајната поддршка за реализација на овој проект.“, стои во објавата на министерот Љупчо Николовски.


