Во водите на Охридското Езерo, на 20/21.02.2022 во периодот од 17.00 до 01.00 часот, спроти „Свети Стефан“, на околу 1.000 метри од брегот на езерото, полициска патрола пронашла рибарска мрежа со улов од 119 парчиња риба охридска пастрмка, со вкупна тежина од 45.5 килограми.
Рибите и мрежата биле подигнати од местото и однесени во Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
