На денешната средба со земјоделски производители и преработувачи на зеленчук од Валандово- Гевгелискиот регион дискутиравме околу договорното производство на зелка, и други градинарски култури од тој регион, а на иницијатива на Јован Петков, земјоделски производител, агроном.

Тој со своите колеги земјоделци денеска ни ја образложија потребата од враќање на довербата меѓу примарните производители и преработувачи и можноста за производство на потребни суровини за преработувачките капацитети. Оваа иницијатива наиде на поддршка од страна на преработувачите, за кои најсигурна и најдобра суровина е домашната.

Разговараме за нови можности, нови проекти за договорно производство и здружување на земјоделците како основа за сериозни преговори со преработувачите.
Како министерство секогаш сме отворени за нови предлози кои значат зголемување на домашното производство, намалување на увозот на суровини, и јакнење на договорното производство како најсигурно за земјоделците.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

