Корнишоните не се толку распространети како, на пример, пиперките или доматите, но тоа не ја намалува вредноста на овој вид, како на домашните трпези, така и во преработувачката и прехранбената индустрија.
Постојат два основни типа на корнишони: мазни или холандски и брадавичести или американски корнишони. Корнишоните се одгледуваат на земја, во шпалир, на отворено поле, во пластеници.
Производството и основи на одгледување
Корнишоните можат да се произведуваат во затворен и на отворен простор. И двата начина на производство, може да се со потпора или со положување. И двата се релативно лесни, при што треба да се внимава со наводнување, ѓубрење (NPK пред сеидба и калциум за време на плодност), како и болести и штетници (пламеница, црвен пајак), што е вообичаено за одгледување на која било култура. Самите корнишони бараат малку полесна почва и имаат голема потреба од полевање, но мора да се внимава топлото растение да не се полева со ладна вода, бидејќи плодот ќе биде горчлив.
Одгледување на отворено поле
Производството на отворено најчесто се врши со доцна сеидба во средината на јули, плитко, на длабочина од 1 до 2 см. Растојанието помеѓу дупките треба да биде 100 × 15 см, додека кај одгледувањето на шпалир е нешто поблиску, што донекаде зависи од сортата. Постои варијанта на сеидба во два реда, при што растојанието е од 25 до 30 см во ленти и 120 см помеѓу лентите. Од расад, садењето може да се изврши подоцна, а растојанието е приближно исто.
За успешно одгледување обично се користи техниката на мулч фолија како и системот капка по капка. Фолијата овозможува доволно количество повисока температура што ја бара корнишонот.

Шпалирското одгледување (со потпора), бара повеќе инвестиции. Како прво, треба на земјиштето најмалку 5 години да е одгледувана монокултура. За вакво одгледување се користат специјални хибриди со висок принос. Самиот шпалир се обично бетонски, метални или дрвени столбови, слични на одгледувањето винова лоза. Висината на шпалирот треба да биде од 1,6 до 2 м, а растојанието помеѓу структурите 1,5 м. Шпалирите со два реда се на растојание од 2 м.
Шпалирскиот начин обично во неговата конструкција опфаќа три жици за водоснабдување, од кои првата се наоѓа на висина од 20 до 30 см.
Предностите на шпалирот се поголеми можности за формирање на плодови (повеќе светлина), полесна заштита и полесна берба. Предностите на положениот тип се мали инвестиции, речиси никакви.
Одгледување во затворен простор
Кај овој начин важат речиси истите правила, само што сеидбата и садењето се прават без разлика на годишното време. Корнишоните во пластеникот имаат доволно топлина, а најчесто се обезбедува систем за наводнување, па така добиените плодови се добри и квалитативно и квантитативно.
Во времето на пресадување на садници, растенијата имаат по 4 листа. Почвата треба да се загрее на најмалку 16 степени, а садењето се врши во редови од 120 × 40-50 см, или во двојни редови. За ваков вид на одгледување треба да се засадат поотпорни сорти, со поцврст корен и стебло, за да се минимизира можноста за зараза со фузариум. Поради оваа габа, почвата обично се дезинфицира пред садењето.
Интересен е начинот на производство на корнишони во ниски тунели, но е за исклучително рано плодоносење.
Како и на отворено, корнишоните во затворен простор треба редовно да се наводнуваат, подмладуваат, да се покриваат по потреба и да се прихрануваат 4-5 пати во текот на сезоната на растење со NPK ѓубрива.

