Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Расте производството на ѓубрива на база на микроби и морски алги, какви се досегашните искуства?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Расте производството на ѓубрива на база на микроби и морски алги, какви се досегашните искуства?
Агровести

Расте производството на ѓубрива на база на микроби и морски алги, какви се досегашните искуства?

Објавено 18/02/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на вештачките ѓубрива растат секој ден, а Европската Унија има за цел да ја намали нивната употреба. Во исто време, големите хемиски компании инвестираат стотици милиони долари во развојот на земјоделски производи за прихрана на посевите на база на микроби и алги.

Во време кога емисиите од фармите се повеќе се контролираат, ваквите производи би можеле да им помогнат на земјоделците да ја намалат употребата на азот, кој може да ги загади водотеците и да создаде азотен оксид. Затоа, инвестициската банка Рабобанк предвидува дека индустријата за биостимуланти од 3 милијарди долари ќе расте за 12-15 проценти годишно во следните пет години, пишува Ројтерс.

Но, пазарите на микробни ѓубрива во голема мера се нерегулирани, а има само неколку студии за тоа колку се ефективни во зголемувањето на приносот. Европската Унија ќе го објави првото барање за ефикасноста на биостимулантите во јули 2022 година, а Агенцијата за заштита на животната средина на САД издаде нацрт-упатства за јавна ревизија.

Џон Трелоар, агроном во „Novozymes“ во Данска, чии производи содржат габа која расте покрај корените на растенијата и ослободува фосфат, изјавил дека клиентите сѐ уште се претпазливи. Во оваа компанија ги собираат резултатите од теренските тестирања што ги прават кај земјоделците.

„Ако имаат лошо искуство, тоа може да ја оштети целата индустрија“, посочи тој.

До каде оди развојот на ваквите производи сведочи изјавата на Карстен Теме, извршниот директор на компанијата „Pivot“, кој можноста микробите да го фиксираат азотот од воздухот во амонијак ја нарекува свет грал на земјоделството.

„Нашите производи не генерираат високи емисии од производството на азотни ѓубрива, ниту пак произведуваат емисии на азотни оксиди од распаѓањето на ѓубривата со текот на времето“, рече тој.

На вакви активности работат и во „Bayer“, каде заедно со биотехнолошката компанија Ginko Bioworks инвестираат во производот Joyn Bio.

„Очекуваме комерцијална продажба на нашиот третман на микробиолошки семиња за три до четири години“, рече извршниот директор Мајк Миј.

Критика на биостимуланти?

Yara International, исто така, произведува биостимуланти врз основа на алги и хумусни супстанции. Компанијата за семиња „Corteva“ оваа пролет лансира биолошки производ за кој вели дека апсорбира азот од атмосферата и го претвора во амонијак.

Сепак, не треба да се изостави дека на сметка на биостимулантите доаѓаат и критики. Во изминатите две сезони, Даниел Кајзер, научник од Универзитетот во Минесота, го тестирал докажаниот производ на „Pivot“ на шест локации каде што се применувало азотно ѓубриво помалку од оптималното. Само на еден од нив е забележан подобрен принос.

Треба да се напомене дека Европа сочинува половина од глобалниот пазар за овие средства, според податоците на Европскиот совет на индустријата за биостимуланти. Земјоделците првично ги користеа главно за органско производство и за овошни и зеленчукови култури со висока вредност, но сега тие се сè поприсутни во конвенционалните култури како одговор на намерата на ЕУ да го направи земјоделското производство поодржливо, пренесува Agroklub.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:биостимулатори
Претходен напис (Видео) Како да се подмлади старата круша со помош на режење?
Следен напис (ВИДЕО) Јагода од 289 грама го сруши Гинисовиот рекорд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?