„Денеска го посетив и имав можност да поразговарам со Влатко Стојанов од с.Таринци. Влатко е млад земјоделец кој максимално ги искористува мерките од Програмата за рурален развој, за модернизирање на сопственото производство. Со финансиска поддршка преку мерката за набавка на земјоделска механизација купил трактор, а преку мерката „Млад земјоделец“ набавил опрема и добиток.
Драго ми е кога гледам дека млади луѓе инвестираат и се занимаваат со земјоделство.
Грижата за земјоделците преку ефикасни мерки и политики продолжува.“
Фејсбук-статус на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.


