Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Жито Пром“ од Гевгелија – единствена македонска компанија на најголемиот светски саем за храна и пијалаци во Дубаи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Жито Пром“ од Гевгелија – единствена македонска компанија на најголемиот светски саем за храна и пијалаци во Дубаи
Агровести

„Жито Пром“ од Гевгелија – единствена македонска компанија на најголемиот светски саем за храна и пијалаци во Дубаи

Објавено 16/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Жито Пром“ – Гевгелија е единствената македонска компанија која ги претставува своите производи на ГУЛФУД 2022 (GulFood) во Дубаи, најголемиот саем за храна и пијалоци во светот.

„Жито Пром“ во светскиот трговски центар во Дубаи, се претставува со своите производи од брендот 4U: кроасани, конвенционални колачи, како и новата линија функционални колачи кои спаѓаат во категоријата здрава храна. Функционалните колачи се правени според светските стандарди за производство на храна, со следење на побарувањата на популацијата која практикува здрава исхрана. Како иновативен македонски производ, оваа линија од колачите 4U беше поддржана и од ФИТР.

Процедурата за пријава за учество во Дубаи е прилично сложена, понекогаш трае и со години. Среќни сме што годинава имаме можност да бидеме дел од најголемото случување за прехранбената индустрија и што нашите производи од брендот 4U се „во друштво“ со најпознатите светски брендови на храна и пијалоци. Минатата година ја промовиравме функционалната линија колачи 4U, продолжуваме со нејзино позиционирање на домашниот и влез на нови пазари. Нашите заложби и понатаму се вложување во техолошко-производствените капацитети и следење на светските стандарди за квалитет – вели Татјана Танева Новаковска менаџер на „Жито Пром.
Гулфуд е најголемиот годишен настан што на едно место ги собира сите производители на храна и пијалоци од светот. Годинава се одржува од 13-17 февруари со учество на повеќе од 4000 компании од 120 земји. Традиционално, на листата на специјални гости се наоѓаат светски познати и наградувани готвачи (шефови), бизнис лидери, популарни говорници и претставници на многу влади. Токму затоа, Гулфуд важи за место кое ги диктира светските трендови во храната и гастрономијата и има огромно влијание на вкусот на луѓето од сите континенти.

Жито Пром – Гевгелија е семејна компанија која во прехранбената индустрија работи повеќе од 25 години. Палетата на нивни производи вклучува мелнички производи, како пченично брашно и сточно брашно, индустриски полнежи за кондиторски производи и кроасани препознатливи под брендот 4U. Брашното произведено од високо квалитетна пченица се пласира на домашниот пазар, додека кроасаните покрај во државава, се присутни и на 20 странски пазари.

Компанијата има сопственото производство на клучните состојки во производот како брашното и полнежите. Тоа што е специфично за кроасаните е дека самото тесто се подготвува со природен квасец – мајка, која е стара веќе 100 години и кај нас е донесена од Италија.

Извор: inovativnost.mk

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Таг:жито пром
Претходен напис Направете сами: Вареова кошница – Троши помалку енергија и ресурси од конвенционалната кошница
Следен напис Николовски на состанок со претставници на Светска банка за модернизација на македонското земјоделство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?