Деновиве во центарот на вниманието на светската јавност е турскиот фудбалски клуб Кочаелиспор, кој на социјалните мрежи објави слика на која жртвуваат овен.
Првотимците на споменатиот тим се подготвуваат за продолжението на сезоната, а на сликата се играчите и членовите на стручниот штаб собрани околу овен кој лежи покрај теренот и кој бил жртвуван за среќа.
Сликата на Твитер ја сподели спортскиот новинар Харис Ставру, со коментарот:
„Во 2022 година турскиот фудбалски тим Кочаелиспор сè уште жртвува овни за среќа. Не успеавме како луѓе…“
Кочаелиспор игра во втората турска лига и моментално е на 15. место веднаш над зоната за испаѓање.
