Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Утре ќе се знаат мерките за оризот, Николовски апелира да се стави крај на политичките поделби во земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Утре ќе се знаат мерките за оризот, Николовски апелира да се стави крај на политичките поделби во земјоделството
Агровести

Утре ќе се знаат мерките за оризот, Николовски апелира да се стави крај на политичките поделби во земјоделството

Објавено 08/02/2022
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски соопшти дека утре, по средбата со производителите на јаболка во Ресен, ќе соопшти какви мерки ќе се преземат во однос на барањата на оризарите кои денеска го блокираа магистралниот пат Штип – Кочани.

Се размислува, нагласи, за интервентно делување, а веќе се прават и проценки колку од оризот се уште не е откупен по што ќе се изнесе и конкретен предлог за дополнителна поддршка.

Николовски напомена дека досега оваа Влада за 300 отсто ги зголеми субвенциите за производството на ориз. Укажа и на одредени злоупотреби кои му ги посочиле производителите на ориз за време на средбата во Кочани, но тие допрва, како што рече, ќе се анализираат и испитуваат.

Одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата, Николовски порача дека мора да се стави крај на политичките поделби меѓу производителите.

-Утре во Ресен ќе имаме средба со јаболкопроизводителите, ќе ја видиме состојбата и таму по што заеднички ќе излеземе со конкетни мерки за двата региона, и за производителите на ориз и за производителите на јаболко. Имаме и интервентен фонд од 250 милиони денари кој прв пат годинава ни е на рапсолагање. Ќе разгледаме се што е можно да помогнеме. Би порачал само, дека не сакаме никаква партизација, ниту политизација, тука сме за поддршка на земјоделците, тоа е наша обврска, информира министерот.

Тој потсети дека неговата прва средба откако се врати на фунцкијата беше токму во Кочани, со оризопроизводителите, но на неа не дошол градоначалникот иако бил повикан.

– Со производителите имавме конструктивна дебата, беа изнесени низа предлози и идеи. Разговаравме за можностите за интервентни мерки. Ги знаеме пробемите, ги слушнавме на терен, на лице место. Правиме анализи колку ориз е се уште неоткупен, по што ќе излеземе со конкретен предлог за дополнителна поддршка. Секако дека во рамки на Програмата и расположливите средства, ќе реагираме. Не е лесно кога треба да се обезбедат пет или 10 милиони евра пари на граѓаните. Во Кочани бев информиран дека има и одредени злоупотреби, вклучување на трговците, на разни трети страни и големи средства се излеани по тој основ. Очекувам испитувања на сите овие информации кои производителите ги доставуваат до нас, рече Николовски.

Осврнувајќи се на субвенциите, потенцира дека едно време тие изнесувале 6.000 денари за хектар, по што оваа Влада ги зголемила на 18.000, а оние од 12.000 на 25.000, па дури и на 30.000 за хектар што е 300 проценти.

-За 300 проценти се зголемени субвенциите токму за да го заштитиме „белото злато“ и да ги поддржиме производителите. Ја воведовме и „зелената нафта“, а некоку илјади оризопроизводители се корисници на оваа мерка. Годинава, еве, го зголемуваме и тој износ, а носевме постојано и интервенти мерки, по пет денари во 2018 и 2019 година, неодамна имаше и мерка – три денари која важеше за оризот од 2019 и 2020 година и заврши на 25 декември 2021, подвлече Николовски.

Тој за петок најави исплата на субвенциите за лозови насади – околу 10 милиони евра и додаде дека исплатата на поддршката продолжува.

-До пред три – четири години во месни комитети се правеа списоци кој и кога ќе добие субвенции. Тоа беше најголемиот проблем. Сега постапката е многу транспарентна и исплатата е редовна, неселективна. Верувам дека ќе ставиме крај на етикетирањата, поделбите, партизациите и политизациите во земјоделството. Никој не смее да ги дели земјоделците по ниту една основа и да прави политички поени на нив. Потребни се транспарентност, отвореност, работа, труд, разговори, лобирања, изнаоѓање финансиски средства. Верувам дека овој 2,5 годишен период кога нема да има избори, ќе го искористиме за носење европски, модерни мерки и политики кои ќе го зајакнат производството, потенцира Николовски.

Министерот најави уште еден нов проект за годинава – анализа на производните цени на стратешките култури за да се знае точно колку субвенции или „зелена нафта“ влегува во овие цени.

Според Николовски, воведувањето нови мерки не значи дека тие што ги откупуваат земјоделските производи треба тоа да го вкалкулираат во цените и да ги намалат. Ќе има, рече, остри реакции и контроли за сите манипулации зашто мора да се цени трудот на производителите.

Министерот очекува на утрешната средба во Ресен да присуствува и градоначалникот.

Производителите на ориз од кочанскиот регион денеска со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат А3 во селото Облешево, изразувајќи незадоволство од ниските откупни цени на арпата и белиот ориз, како и од драстично зголемените трошоци за ѓубрива, заштитни препарати и други давачки. Тие бараат средба со министерот Николовски и со финансиската поддршка од три денари за килограм арпа, обезбедена од КОВИД мерките, да бидат опфатени сите оризопроизводители, наместо само некои, како и рокот да биде продолжен до септември оваа година

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ориз
Претходен напис Повисоки субвенции добиваат одгледувачите на кози, пчеларите, а ќе се субвенционира и руколата – Што друго предвидува Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022?
Следен напис Николовски најави воведување пилот мерка во овоштарството – линеарна исплата за обработлива земјоделска површина независно од културата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?