Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повисоки субвенции добиваат одгледувачите на кози, пчеларите, а ќе се субвенционира и руколата – Што друго предвидува Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Повисоки субвенции добиваат одгледувачите на кози, пчеларите, а ќе се субвенционира и руколата – Што друго предвидува Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022?
Агровести

Повисоки субвенции добиваат одгледувачите на кози, пчеларите, а ќе се субвенционира и руколата – Што друго предвидува Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022?

Објавено 08/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На денешната седница, Владата ја усвои Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за оваа 2022 година, којашто е резултат на опсежни анализи на искористеноста на средствата, земајќи го предвид развојниот ефект на субвенциите и отстранувањето на можноста за нивна злоупотреба. Еве што предвидува програмата:

-Во делот на поддршката од 20 отсто за развојните категории (поледелство и сточарство) се бришат критериумите за пријавена површина и грло. Односно сите земјоделци без разлика колку хектари или грла ќе пријават, ќе добијат 20 отсто дополнителни финансиски средства.

-По барање на земјоделците, но и по анализите спроведени на странските пазари, воведуваме нови култури кои ќе бидат субвенционирани. Се воведува нова субвенција во делот за градинарство, а тоа е за „рукола“, која ќе изнесува 30.000 денари по хектар.

-Од оваа 2022 година 3 денари по килограм предадено овошје во преработувачки капацитет ќе добиваат и производителите на калинка. Оваа мерка ја проширивме затоа што има интерес кај земјоделците и се работи за нова и преспективна култура којашто е барана во преработувачката индустрија.

-По барање на земјоделците извршена е корекција во минималениот број на овошки – садници по хектар за цреша потребни за да добијат субвенции од 240 на 200 садници. Исто така, направена е корекција и кај максималните приноси за модар патлиџан на 80 тони по хектари и цвекло на 60 тони по хектар.

-Повисоки субвенции добиваат одгледувачите на кози, односно наместо досегашните 1.200 денари, годинава субвенцијата ќе биде 1.300 денари по грло коза.

-Повисоки субвенции ќе добијат и пчеларите, поддршката за презимено пчелно семејство се зголемува од 600 денари на 700 денари линеарно за сите без оглед на тоа колкави се нивните капацитети.

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:субвенции
Претходен напис Министерот Николовски најави зголемени субвенции, авансна исплата и три нови закони: Нема веќе време за чекање за вистинска реформа во земјоделството
Следен напис Утре ќе се знаат мерките за оризот, Николовски апелира да се стави крај на политичките поделби во земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?