Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ново вештачко езеро на депресијата од рудникот „Осломеј-запад“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Ново вештачко езеро на депресијата од рудникот „Осломеј-запад“
Шумарство и водостопанство

Ново вештачко езеро на депресијата од рудникот „Осломеј-запад“

Објавено 07/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На дел од депресијата на поранешниот рудник за јаглен Осломеј – запад, се создава вештачка акумулација, која за 3-4 години целосно ќе се наполни со вода и ќе се претвори во вистински рај за риболовците и љубителите на убавата природа.

Вештачкото езеро, според проценките на првите луѓе на Спортско-риболовното друштво „Хантер Фиш“, ќе биде со многу поголема површина и длабочина.

– По завршување на експлоатацијата на јаглен на депресијата на овој рудник, ќе биде формирано вештачко езеро многу поголемо од постоечкото и со поголема длабочина. Вештачкото езеро ќе се формира најдоцна за 3-4 години, по што на релативно мал простор, оддалечени едно од друго околу 2 километри, ќе имаме две вештачки акумулации, кои ќе придонесат за развој на туризмот и спортскиот риболов во нашата општина, потенцираат од риболовното друштво.

Од риболовното друштво истакнуваат дека оваа информација секако дека ќе ги израдува спортските риболовци од целата земја, а  како што посочуваат, близината на магистралниот пат до овие езера, во целост ќе го променат имиџот на Кичевскиот регион.

– За нас членовите на спортско-риболовното друштво „Хантер-Фиш“, ова е најпријатната вест што ја имаме добиено во последно време. Ако до вчера во блиската околина воопшто немавме услови за спортски риболов, бидејќи реките беа преполни со секаков вид на отпад и речиси мртви, за кусо време ќе имаме два езерски бисери на една микро-локација, кои драстично ќе го променат имиџот на нашата регија, бидејќи со уредувањето на земјиштето и изградба на соодветни објекти ќе бидеме вистински магнет за спортски риболов и уживатели на убавата природа, рече Мире Ночески, портпарол на спортското друштво и ја најави новата традиција што ќе се создаде со двете езера во овој регион.

Ночески очекува транзитерите кои поминуваат низ Кичево, барем на час да поминат крај овие езера и таа традиција на дружба да ја продолжат со своите другари, пријатели и познаници. Вели дека оваа поволност ќе придонесе за развој на риболовниот туризам.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:вештачко езеродепресијатаОсломеј-запад
Претходен напис Најавеното зголемување на температурите не е закана за предвремено потерување на овошките
Следен напис Министерот Николовски одржа работен состанок со раководителот за соработка на Делегацијата за ЕУ, Стефен Худолин
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?