Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Како правилно се кројат овошките – Кроење во три чекори
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > (ФОТО) Како правилно се кројат овошките – Кроење во три чекори
Совети

(ФОТО) Како правилно се кројат овошките – Кроење во три чекори

Објавено 17/02/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Неколку години по садењето овошни насади, повеќето овошни дрвја растат во висина или стануваат неугледни грмушки. Клучот за успехот за подобар принос на овошје по дрво е да се крои редовно и правилно. Иако кроењето често се претставува како комплицирана работа, всушност не е.

Постојат многу различни методи за тоа како најдобро да се изврши зимското кроење на овошките, а во продолжение може да прочитате за кроењето во три чекори. Со оваа постапка се добиваат одлични резултати кај голем број различни видови овошни дрвја.

Прв чекор – Чистење

Започнете со кастрење на гранките кои се исушиле во текот на годината (бр.1) и кои се оштетени или скршени (бр.2). Отстранете ги и изданоците што растат директно од стеблото на дрвото (бр.3). Тие често немаат врска со плодот, туку се изданоци на подлогата на која е калемена овошката.

Фото/Agrosavjet.com

Втор чекор – Проретчување

Целта на проретчувањето е да се дозволи светлината и воздухот подеднакво да стигнат до сите листови. Ова ја намалува можноста за ширење на растителни болести и штетни инсекти.

Прво отстранете некои од гранките кои растат надолу, но и сите оние кои густо се сечат и се преклопуваат со другите гранки. Пожелно е потоа да се прегледа целото растение.

Искројте ја круната што е можно поретко така што ќе направите изедначена густина на гранките. Треба да го обликувате секое дрво на сличен начин за сите овошки да изгледаат исто.

Фото/Agrosavjet.com

На места каде што гранките се разгрануваат, пожелно е да се остават оние гранки кои се најздрави. Исто така, погрижете се аголот помеѓу двете гранки да биде околу 70 степени. Ако аголот остане преголем, постои можност гранките да се скршат под тежината на плодот. Од друга страна, ако го оставите аголот премногу остар, нема да има доволно воздух за време на вегетацијата.

Продолжете со сечење додека просторот околу секоја гранка не биде помеѓу 15 и 30 сантиметри. Важно е секоја гранка да има доволно воздух и простор за развој. Како и при чистењето, сечете директно до главната гранка или стеблото.

Не ги оставајте чистите, рамни гранки подолги од 30 см без странични гранки. Се смета дека 30 сантиметри годишно е доволна должина за прираст.

Трет чекор – „фризирање“

Третиот чекор е најлесниот, бидејќи тогаш вашите овошки добиваат „нова фризура“. Треба да почнете однадвор и да сечете кон стеблото. Целта е да се направат гранките подебели и пократки. Експертите советуваат дека ваквото сечење го спречува кршењето на гранките поради тежината на плодот, а дрвото потоа лачи хормони во долниот дел од крошната. Така дрвото дава поголем принос и не оди во висина и ширина.

Фото/Agrosavjet.com

Целта на „фризирањето“ е да се исечат 20 до 30% од минатогодишниот раст на дрвото. Минатогодишниот раст може да се препознае по погрубата кора и дебелината на гранката. Важно е да се грижите каде ќе ги правите резовите. Најдобро е да исечете 5 до 8 милиметри над пупката што ви одговара во положба и правец.

Дополнителни совети

-Проверете дали вашите ножици за кроење се остри. Ако не се доволно остри, можете и сами да ги изострите.

-За да избегнете ширење на болести, дезинфицирајте ги ножиците со алкохол.

-Правилно отстранете го или фрлете го исеченото дрво за да спречите ширење на болеста на здравите делови.

-Премачкајте ги деловите подебели од 5 cm со восок за калемење.

-Веднаш по кроењето треба да се направи зимско прскање на овошките.

Може да ви се допадне

Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Пет причини зошто да изберете ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР!
Таг:кроење
Претходен напис Австрија ќе користи сателитска технологија за детална проверка дали земјоделските стопанства ги исполнуваат условите за добивање субвенции
Следен напис Исплатени се субвенциите за полјоделски култури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?