Австрија ќе користи сателитска технологија за детално да провери дали земјоделските стопанства ги исполнуваат условите за добивање субвенции од милијарда евра, наведува Euractiv.
Овој проект е финансиран преку Заедничката земјоделска политика и ќе го олесни следењето на бројни мерки за поддршка во рамките на ЗЗП користејќи сателитски записи, објасни Бернхард Едер од АграрМаркт Австрија, агенција за плаќање во земјоделството.
За мерките во Австрија во периодот 2023-2027 година се издвоени вкупно 1,5 милијарди евра.
Голем дел од средствата се однесуваат на директни плаќања наменети по хектар обработливо земјиште.
Надлежните служби мора точно да знаат како секоја поединечна фарма го користи своето земјиште, сè до индивидуалната парцела. Затоа е потребно да се провери дали фармата навистина ги исполнува условите за добивање субвенции.
Оваа програма овозможува да се изврши преглед со помош на податоци од групата сателитски мисии Сентинел лансирани од Европската вселенска агенција ESA и покажува дали се исполнети критериумите за добивање средства. Препознава различни посеви со висок степен на точност, ги открива косените тревници, предметите или дрвјата и растенијата на обработливо земјиште.
Засега, се наведува, сè уште е неопходна дополнителна проверка, бидејќи програмата секогаш не функционира најдобро. Некои сектори сè уште се означени како нејасно препознатливи, сето тоа треба да се минимизира, да се вклучи инспекцијата и земјоделците да реагираат.
Ова би можел да биде модел и за другите држави. Меѓутоа, земјоделските производители се скептични. Изразиле загриженост бидејќи, како што тврдат, поради дигитални вештини лесно може да бидат изоставени од системот за поддршка.
