Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кај голем дел од лозјата во Тиквешко резидбата завршена пред „Свети Трифун”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кај голем дел од лозјата во Тиквешко резидбата завршена пред „Свети Трифун”
Агровести

Кај голем дел од лозјата во Тиквешко резидбата завршена пред „Свети Трифун”

Објавено 01/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кај голем дел од лозјата во Тиквешко резидбата на виновите лози е завршена пред верскиот празник „Свети Трифун”, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите, а на кој, многумина симболично стартуваат со „кроење”.

Ова денеска го изјави за МИА, Дане Јошев, претседател на регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари”.

– На големо се работи во лозјата во Тиквешко. Лозарите кројат и пред „Свети Трифун”, празникот кој се одбележува на 14 февруари. Со резидба порано започнаа оние кои имаат поголеми плантажи со винови лози па не можат да чекаат, оти ако чекаат, нема навреме да ја завршат оваа операција. Тие мораа да ги „кројат” лозјата, не може да го чекаат празникот кога на симболичен начин традиционално се стартува со оваа операција, со која започнува новата лозарска сезона – појасни Јошев.

Тој нагласи дека лозарите ќе го слават празникот, но дотогаш ќе го искористат времето за да ги поднамалат работите во нивните ниви. Јошев додаде дека помалите производители на грозје сепак ќе го почекаат празникот и до крај ќе ја испочитуваат традицијата, во највинската област на државата.

– Лозаропроизводителите кои имаат поголеми парцели со винови лози мораат да побрзаат со кроењето и поради една друга причина, којашто станува се поактуелна во регионот. Имено, голем број од аргатите кои во минатото можеа да бидат ангажирани околу резидбата и изнесувањето на искроените лозови прачки од лозјата, сега се вработија во германската фабрика Дрекслмаер во Кавадарци и тешко може да се дојде и до слободна аргатска рака. Се менуваат работите на пазарот на трудот во Тиквешко, па сега или не можете да најдете добар аргат, или се соочувате со зголемени цени за услугите за аргатска работа, дециден беше Јошев во изјавата за МИА.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:резидбатасвети трифунТиквешко
Претходен напис Струшкиот регион под обилни врнежи од снег, сообраќајот се одвива отежнато
Следен напис Освен чај, од нането може да се направи и сок, кој е благотворен за здравјето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?