Можеби многумина не знаат, но освен како чај и како зачин, нането може да се користи и за подготовка на сок, со кој значително ќе си го подобрите здравјето.
Овој чудотворен напиток, придонесува за:
-намалување на симптомите на настинка
-елиминирање на лошиот здив
-помага во регулирањето на менструалниот циклус
-ги намалува симптомите на менструација и менопауза
-помага во редовното празнење на цревата
За да го подготвите сокот од нане кој мора да биде во комбинација со лимон, потребни ќе ви бидат следните состојки:
2 литри вода
200 гр шеќер
10 врвчиња свежо нане
сок од еден лимон
Подготовка:
Водата и шеќерот потребно е да ги оставите да зовријат, а потоа да ги оставите да се оладат.
Откако водата и шеќерот ќе ја достигнат посакуваната температура, потребно е во неа да го ставите нането и заедно да ги оставите да отстојат најмалку 24 часа. Откако ќе помине потребното време, процедете ја смесата и додадете го лимоновиот сок и сокот од нане е подготвен за консумирање.
