Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Карпа тешка 20 тони виси над браната „Матка“, ако падне, голема е веројатноста со себе да повлече дополнителни одрони, предупредуваат од ЦУК
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (Видео) Карпа тешка 20 тони виси над браната „Матка“, ако падне, голема е веројатноста со себе да повлече дополнителни одрони, предупредуваат од ЦУК
Агровести

(Видео) Карпа тешка 20 тони виси над браната „Матка“, ако падне, голема е веројатноста со себе да повлече дополнителни одрони, предупредуваат од ЦУК

Објавено 21/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Центарот за управување со кризи алармира за опасност од паѓање на карпа тешка околу 20 тони, која се наоѓа на височина од околу сто метри, над кањонот Матка.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека предупредувачко известување добиле од ЕВН Електрани од каде ја забележале карпата.

– Се работи за голема кинетичка енергија. Ако оваа карпа падне, голема е веројатноста со себе да повлече лавина од одрони. Оваа карпа се наоѓа во ваква позиција долго време, можеби десетици години, но од фотографиите добиени од ЕВН може да се забележи нејзина одредена нестабилност. Карпата се наоѓа блиску до сртот и врз правецот на нејзиното паѓање би влијаеле повеќе фактори. Веројатно нема да направи штета на самата брана, може да стои така уште 100 години, а може и сега да падне, но ние за да избегнеме трагедија испративме предупредување до повеќе институции, како МВР, ИЗИЗ, Градежен факултет, Геолошки завод, Државен инспекторат за животна средина, Дирекција за заштита и спасување, алпинистичка федерација. Посебно предупредување упативме до субјектот кој оперира со пловните објекти на Матка – рече Ангелов, при што потенцираше дека наскоро ќе биде физички заграден делот под карпата за да не може да се плови со чамци во нејзина близина.

Една од опциите да се отстрани карпата е нејзино контролирано уривање, но според Ангелов, мала е веројатноста таква акција да биде преземена.

„ЕВН вели дека падот на карпата не би го загрозил ѕидот на браната, иако падот би бил во непосредна близина на испустот на водата. Нема опасност дека карпата ќе падне наскоро, но не можеме да бидеме сигурни во тоа, со природата нема играње. Ќе им препорачаме на чамците кои пловат по кањонот да не поминуваат оттаму“, рече Ангелов, додавајќи дека засега не се размислува за контролирано уривање на карпата.

„Нема место за кревање паника, но ја известуваме компанијата со чамците местото да не го користат блиску до браната. Ризикот е многу мал, но сакаме да делуваме превентивно, да не се користи овој дел од ѕидот на браната“, истакна Ангелов.

Ова е едната од можните линии по којашто би се движела паднатата карпа и како што може да се забележи падот би бил во непосредна близина на испустот од каде што истекува водата што оди во електраната или вишокот на водата доколку браната е преполна.

Ангелов апелира сериозно да се сфатат предупредувањата за одрони, не само на Матка, туку на сите патни правци во државава.

https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=663050834732251

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:карпаматкастојанќче ангелов
Претходен напис (Фото) По обилните снежни врнежи се расчистуваат критичните точки во Охрид
Следен напис Лидија Попандонова е избрана за заменик претседавач со Европската комисија за земјоделство на ФАО
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?